22.8 C
Shtip
spot_img

Мафија со популарните локумадес во Грција: Криминална банда во Ситонија се заканувала по живот и ги уценувала другите продавачи

Судот во Грција го прогласи за виновен 42-годишен маж, кој бил главен во мафијата со крофни, за уцените и заканите во текот на летото 2021 година и тој доби затворска казна од 16 години. Како што јавуваат грчките медиуми, криминалната група вршела изнуди за контрола на продажните места на крофни, кои туристите ги знаат како локумадес. Тоа се случувало на плажите во Ситонија, на вториот крак од Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.
Во текот на летото 2021, грчката полиција разбила криминална група во која освен водачот, учествувале уште 11 други лица, а сега, дел од нив биле ослободени, дел прогласени за виновни со парична казна.
Криминалната група за да биде единствена која продава на преполните плажи, користела методи и практики на уцени, односно во најмалку седум случаи употребиле закани по живот, нанесувале телесни повреди и употребиле огнено оружје против други продавачи на крофни, како и кон сопственици на угостителски објекти на плажите, а дополнително принудувале странски државјани да продаваат крофни со минимална заработка.
Мафијата со лукумадес, како што наведуваат грчките медиуми, принудувала странските државјани да продаваат 500-600 крофни дневно по цена од две евра, набавниот износ бил половина евро, исто толку добивал и продавачот, а криминалните групи имале дневен профит од 500-600 евра.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img