20.2 C
Shtip
spot_img

Македонски дизајнер на Ф1 сцената: Стив Аоки прошета уникатни патики на Сатја Грабулоски во Лас Вегас

Изминатиот викенд Лас Вегас беше центарот на адреналинот со претпоследната трка од годинешниот Ф1 шампионат, но покрај возачите, внимание украде и светски познатиот диџеј Стив Аоки. Тој настапи директно на патеката, создавајќи атмосфера која долго ќе се памети.

Американецот, кој има настапувано и во Македонија, на трката се појави со својата партнерка, но и со нешто што веднаш го привлече регионалното внимание – уникатни патики дизајнирани од македонскиот уметник Сатја Грабулоски и неговиот бренд SWithaDot.

Ова претставува петта соработка помеѓу Аоки и Грабулоски, односно петти пар 1/1 Jordan патики со потписот на SWithaDot кои ги носи глобалната музичка ѕвезда.

„На овој начин — први Македонци на Ф1 гридот, во форма на 1/1 џорданки. Стив ми е долгогодишен пријател и веќе има многу уникатни модели што сме ги правеле за разни прилики, но ова беше посебно бидејќи тој беше ѕвезда на вечерта. Дизајнот е инспириран од неговиот албум и аниме цртаната серија Hiroquest, чиј креатор е самиот Аоки. По ова, патиките ќе бидат ставени на аукција“, открива Сатја.

Уште еден доказ дека македонските креативци сè понаметливо чекорат на светската сцена.

━ повеќе содржини

Продажбата падна и дома во странство: Штипскиот Макпромет со добивка од 1,9 милиони денари

„Чунга лунга“ гумите за џвакање, киселото млеко „Кораб“, лебот и свежите печива, разните видови семиња, печатарството… му обезбедиле на Макпромет од Штип позитивен финансиски резултат од 1,906...

Ерлинг Халанд доби сертификати за четири Гинисови рекорди!

Да се знае кој е кој. Фудбалскиот свет му оддаде почит на неоспорниот голгетер! Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, официјално доби четири сертификати...

Штипскиот “Питагора” Дамјан Давков дел од тимот кој освои сребро на ИОИ во Узбекистан

Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го...

Нов случај на семејно насилство во Штип!

Ha 13.08.2026 во 23:50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода В.Н.(40) од Штип. Според пријавеното, подолг период физички...

НОВО ВО ШТИП: Отворена е продавница за детски играчки и бебе-опрема MINOLI

Уште едно ново место во градот кое вреди да го запознаете! MINOLI е продавница за играчки и бебешка опрема, каде родителите можат да пронајдат...
spot_img