12.7 C
Shtip
spot_img

Македонија преплавена со стари, претежно дизел возила постари преку 20 години

Во последната деценија македонските патишта се преплавени со половни возила – повеќе од 80% од увезените автомобили не се нови. Само оваа година, на еден нов автомобил доаѓаат просечно 3,5 половни, што е показател за долготрајната доминација на старите возила. Според податоците од Царинската управа, од јануари до ноември 2025 година се увезени 53.867 патнички автомобили, од кои 41.842 биле половни, а само 12.025 нови.

Истовремено, бројот на регистрирани возила е дуплиран во последните дванаесет години – од околу 350.000 во 2012 на речиси 700.000 во 2024 година. Просечната старост на автомобилите е скокната на 19,4 години, што значи дека на патиштата се движат сè повеќе стари и веќе изношени возила. Дури 87,9% од сите автомобили се постари од десет години, додека новите, не постари од две години, сочинуваат само 1,8%.

Градот Скопје носи значителен дел од автомобилскиот товар – речиси секое трето возило во земјава е регистрирано токму во главниот град. Од вкупно 699.111 возила, 229.546 се во Скопје, а уделот е уште поголем кај товарните автомобили – над 38%. Патничките возила во Скопје сочинуваат околу 33% од вкупниот број во земјава, додека мотоциклите се речиси 30%.

На македонските патишта доминираат дизел возила – речиси две третини од патничките автомобили користат дизел гориво. Бензинците бележат постојан пад, додека електричните и хибридните возила, иако сè уште мал сегмент, растат со експлозивна брзина: минатата година електричните се зголемиле за 169%, а хибридните за неверојатни 295%. Во 2024 година на улиците имало 1.507 електрични и 5.078 хибридни возила, наспроти само 561 електрично и 1.287 хибридни во 2023.

Стареењето на автомобилската флота е посебно изразено кај патничките автомобили – просечната старост се зголемила за 3,7 години од 2009 до 2024 година. Товарните и влечните возила стареат побавно, а автобусите речиси не се менуваат – просечната старост кај нив е околу 18,8 години.

Овој тренд ја потенцира континуираната зависност од половни возила и недостатокот на свежи нови автомобили на патиштата. Од вкупно над 455.000 возила кои се под Еуро 5 стандардот, многу се старо производство и со повисоки емисии на штетни гасови.

━ повеќе содржини

Претрес во Штип, пронајдена марихуана: Уапсен 23-годишен Турчин

Вчера во 14:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода...

Царина заплени авокадо, јагоди и киви вредни 1,4 милиони денари

Царински службеници на граничниот премин Богородица спречиле обид за криумчарење на 12,5 тони овошје и зеленчук со вкупна вредност од околу 1,4 милиони денари,...

Денес е Меѓународен ден на Ромите – празник на гордата култура и тешката борба за еднаквост

Ромите се најголемата малцинска заедница во Европа – со 6 милиони што живеат во ЕУ и 4 милиони во регионот на проширување (Црна Гора,...

Грција воведува забрана за социјални медиуми за деца под 15 години

Грција планира да им забрани на децата под 15 години пристап до социјалните медиуми, а се очекува премиерот Киријакос Мицотакис да ја објави одлуката...

HerFit Progress во Штип работи под полна пареа

Првата женска теретана кај нас работи под полна пареа. Многу млади, но и повозрасни девојки од Штип активно вежбаат и се спремаат за лето.
spot_img