24.5 C
Shtip
spot_img

Македнија се пласираше на Европско!

Избраниците на Јошко Миленковски во СЦ „Борис Трајковски со 3-0 го добија аутсајдерот Грузија и се чекираа на континенталниот собир.

Трофејниот стратег кој се врати на клупата ќе го води сениорскиот тим на уште едно големо натпреварување.

„Поминавме тешко лето во Златната европска лига и на крајот дојде овој одлучувачки натпревар од квалификациите за Европското првенство. Мислам дека ова е голем ден за македонската одбојка. Натпреварот не беше тежок резултатски, но секако дека психолошки бидејќи ни требаше победа од 3-0. Освоениот сет против Грција во првиот дел од квалификациите беше можеби клучен за овој успех, а секако и големиот број на освоени поени на натпреварот во Атина. Затоа голема заслуга за овој пласман има и претходниот стручен штаб.

Во селекцијата имаме возрасни одбојкари, што не ме плаши, бидејќи со возраста доаѓа и зрелоста, како и квалитетот. За нас годините не се важни, овие момци може уште да играат на високо ниво. Во Златната лига им дадовме шанса на помладите одбојкари, кои стекнаа големо искуство играјќи со најдобрите во Европа. За мене поголем е успехот постигнат во Златната европска лига, отколку пласманот на ЕП“, рече Миленкоски.

━ повеќе содржини

Доктор Сашко Кедев: Пациенти во Македонија се подложуваат на непотребни операции заради профит

Интервентниот кардиолог со сериозни обвинувања – приватни болници изведуваат ризични интервенции без медицинска потреба Во денешното издание на емисијата „Стадион“, гостин беше реномираниот интервентен кардиолог...

Известување до јавноста од организаторите на концертот за Тоше во Штип

❗ Известување ❗ Поради големиот интерес за Tribute концертот за Тоше кој ќе се одржи во четврток (21/08) резервациите се при крај, затоа сите оние...

Мицкоски од Штип: ПЛАТИТЕ РАСТАТ 11, 12, 13 ПРОЦЕНТИ НА МЕСЕЧНО НИВО, СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ Е 7% ВО ПОЗИТИВА

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека стандардот на граѓаните е во позитива бидејќи растот на платите е поголем од инфлацијата. Како што кажа, растот на...

Дизел горивото oд ноќеска поевтинува за еден денар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари за литар, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра...

Дали добивте прилив на средства од МојДДВ?

Исплатата на повратот на ДДВ за скенираните фискални сметки од вториот квартал 2025 година (април–мај–јуни) ќе биде целосно реализирана најдоцна до 31 август, согласно...
spot_img