12.9 C
Shtip
spot_img

Кошаркарската Куќа на славните ги објави новите членови за оваа година

Кошаркарската Куќа на славните на Нејсмит ја објави класата за 2026 година, во која се вклучени девет члена, кои ќе бидат поздравени за време на свеченостите во август, пишува НБА-лигата.

Објавата се одржа во Индијанаполис, градот домаќин на машкиот фајналфор-турнир на НЦАА-натпреварувањето за годинава.

Така, во Куќата на славните ќе бидат примени Џои Крофорд (судија), Марк Фју (тренер), Док Риверс (тренер), Амаре Стадемаер (кошаркар), женската репрезентација на САД од 1996 година, Елена Деле Дон (кошаркарка), Шамик Холдскло (кошаркарка), Кандис Паркер (кошаркарка) и Мајк Д’Антони (тренер).
– Куќата на славните на Нејсмит е горда што ја пречекува класата за 2026 година, група што го одразува најдоброто што го нуди овој спорт.

Од судија што ги постави стандардите во текот на четири децении, преку тренери што изградија династии на секое ниво и играчи што ги редефинираа своите позиции, до визионер што го промени начинот на кој се игра играта и женска класа предводена од национален тим што помогна во лансирањето на цела лига, заедно со три од најостварените играчи што женската игра некогаш ги видела, чест ни е да ги пречекаме во Спрингфилд – рече Џон Л. Долева, претседател и извршен директор на кошаркарската Куќа на славните на Нејсмит, пренесе НБА.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img