16 C
Shtip
spot_img

Колку би чинела денес нова Zastava 101?

Автомобилот Zastava 101 е создаден врз основа на тогашниот технички многу модерен Fiat 128, со малку изменет заден дел и беше еден од првите автомобили произведени во хечбек варијантата што преовладува денес.

Пет врати тогаш беа реткост, а Zastava 101 беше привлечна за купувачите поради дизајнерскиот пробив, но и поради поволната цена.

Овој модел брзо стана најпродаваното возило на Zastava во поранешна Југославија, а поради пристапната цена постигна значителен извозен успех, пред сè во источноевропските земји, но и во целиот свет.

Facebook страницата „Zastava 101 forum“ објави исечок од магазинот AVTO објавен во далечната 1972 година, практично на самиот почеток на продажбата на овој модел, во кој се наведува дека тогашната цена била 40.040 динари, односно 2.084 долари.

Кога ќе се земе предвид инфлацијата за претходните 50 години, се доаѓа до бројката дека денес Zastava 101 би чинел точно 16.179 долари, односно 14.953 евра.

━ повеќе содржини

РЕКОРДНИ 22,2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАУКАТА ВО 2026 ГОДИНА Ќе се трошат за научни проекти, конференции, стипендии, објавување трудови…

Науката е столб на општествениот развој и затоа во 2026 година буџетот за наука ќе изнесува 1,37 милијарда денари (22,2 милиони евра) со кои...

Што значи кога ќе се запали „Check Engine“ ламбичката?

Многу возачи панично реагираат кога ќе се запали жолтата ламбичка со натпис „Check Engine“ на контролната табла, но тоа не мора секогаш да значи...

Објавен е трејлер за филмот за Мајкл Џексон- 30 милиони прегледи за шест часа

Иако постојано се зборуваше за проблематичната продукција на овој филм, се чини дека трејлерот ја воодушеви публиката, а само за првите шест часа беше...

РСБСП со нова кампања за техничката исправност на возилата

Редовното одржување и техничката исправност на моторните возила преставува клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја...

Доделени 8-мо номеврските награди!

На свечена седница денеска беа доделени 18 осмоноемвриски признанија во Штип по повод ослободувањето на градот 8 Ноември. Заслужни граѓани, институции, здруженија, граѓански организации...
spot_img