23.4 C
Shtip
spot_img

Кои се 5-те најпознати народи без држава, знаме и националност?

Во светот постојат стотици етнички групи, но не секоја од нив има сопствена национална држава. Некои народи, иако бројни и богати со култура и историја, до денес не добиле политичка самостојност. Оваа приказна е за петте најголеми нации кои немаат своја држава, но продолжуваат да се борат нивниот глас да биде слушнат.

Курдите: 40 милиони поделен народ меѓу четири држави

Курдите се еден од најпознатите народи што немаат своја земја. Бројат меѓу 30 и 40 милиони и живеат на територија која традиционално се вика Курдистан, денес распарчена помеѓу Турција, Ирак, Иран и Сирија.

По распадот на Отоманската империја, Севрскиот договор (1920) им ветил автономија, но договорот никогаш не стапил на сила. Земјите населени со Курди биле поделени. Денес, тие имаат широка автономија само во Ирак, со свои вооружени сили. Во Турција, Сирија и Иран, нивните движења се често насилно потиснати. И покрај сите страдања, Курдите ја чуваат својата култура, јазикот и надежта дека еден ден ќе имаат своја држава.

Пуштуните: Повеќе од 45 милиони луѓе, историски разделени со британска граница

Пуштуните се најголемиот етнос во Авганистан и сочинуваат огромен дел од населението во Пакистан. Ги има повеќе од 45 милиони. Овој народ зборува пушту и следи сунитски ислам.

Пуштуните играле клучна улога во историјата на Авганистан, а многу кралеви и претседатели потекнувале од нив. Но, британската „линија Дјуран“ од XIX век го поделила народот меѓу две држави – денешен Авганистан и Пакистан. Обединет Пуштунистан е желба која останува нереална во современиот свет. Сепак, нивната култура опстојува и денес во селата и градовите на двата краја од границата.

Пуштуните: Повеќе од 45 милиони луѓе, историски разделени со британска граница

Тамилите: 75 милиони луѓе низ Индија и целиот свет

Тамилите се древен дравидски народ со околу 75 милиони луѓе. Најголемиот дел живее на југот на Индија (Тамилнад), но има заедници и во Шри Ланка, Сингапур, Малезија и ширум светот.

Во Шри Ланка, од моментот на независноста, тамилското малцинство е во постојан судир со сингалското мнозинство, што довело до долгогодишна граѓанска војна. „Тамилските тигри“ некогаш контролираа дел од островот и се бореа за независен Тамил-Илам, но движењето беше сурово задушено во 2009 година. Во Индија, Тамилите имаат повеќе културна и политичка автономија, но идејата за сопствена држава останува сон за дел од народот.

Ујгурите и Роми: Милиони опстојуваат без земја, соочени со прогон и предрасуди

Ујгурите, торкски муслимански народ од Кина, бројат 12–15 милиони и живеат главно во Синџијанг, нарекуван некогаш Источен Туркестан. Двапати во минатиот век се обиделе да прогласат независност, но кратко траеле тие држави. Од 1949, со влезот на Синџијанг во Кина, Ујгурите се соочуваат со рестрикции на вера, јазик и идентитет. Извештаите за „превоспитни кампови“, надзор и асимилација постојано ги алармираат светските медиуми. Но, Ујгурите во дијаспората ги чуваат јазикот и традициите.

Ромите бројат околу 10-12 милиони и немаат татковина – нивните корени се во Индија, но столетија скитаат низ Европа и светот. И покрај честата дискриминација, ромите се обединети преку богат фолклор, јазик и сеќавањето на историските трагедии, како Холокаустот. Во поново време, се јавуваат иницијативи за културна автономија и поголема политичка застапеност на меѓународно ниво.

Секоја од овие нации има право на самоопределување, на својот јазик и култура. Историјата покажува – немањето држава не е крај; тоа е предизвик што ги прави овие народи уште поотпорни и видливи во светот.

━ повеќе содржини

Продажбата падна и дома во странство: Штипскиот Макпромет со добивка од 1,9 милиони денари

„Чунга лунга“ гумите за џвакање, киселото млеко „Кораб“, лебот и свежите печива, разните видови семиња, печатарството… му обезбедиле на Макпромет од Штип позитивен финансиски резултат од 1,906...

Ерлинг Халанд доби сертификати за четири Гинисови рекорди!

Да се знае кој е кој. Фудбалскиот свет му оддаде почит на неоспорниот голгетер! Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, официјално доби четири сертификати...

Штипскиот “Питагора” Дамјан Давков дел од тимот кој освои сребро на ИОИ во Узбекистан

Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го...

Нов случај на семејно насилство во Штип!

Ha 13.08.2026 во 23:50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода В.Н.(40) од Штип. Според пријавеното, подолг период физички...

НОВО ВО ШТИП: Отворена е продавница за детски играчки и бебе-опрема MINOLI

Уште едно ново место во градот кое вреди да го запознаете! MINOLI е продавница за играчки и бебешка опрема, каде родителите можат да пронајдат...
spot_img