15.7 C
Shtip
spot_img

Кои се вашите права за замена на купен производ?

Често се случува при купување на некој производ да не ја погодиме точната големина, да се премислиме за изборот или едноставно производот да не ѝ се допадне на личноста за која е наменет. Во такви случаи, природно е да се појави потреба од замена на производот.

Според законот, потрошувачот има право да побара замена на производот од истиот трговец каде што е купен, доколку производот има соодветен квалитет, но не одговара по форма, големина, модел, боја, број или од други слични причини – освен ако станува збор за производ изработен по нарачка врз основа на писмен договор.

Ова право може да се оствари во рок од 15 дена од денот на купувањето, под услов производот да не бил употребуван, да е сочуван неговиот изглед, да ги има сите пломби и фабрички етикети, како и фискалната сметка или сметкопотврда што се добиени при купувањето.

Доколку трговецот во моментот на барањето нема соодветен производ за замена, потрошувачот има право сам да избере

  • да го раскине договорот и да бара враќање на платениот износ или
  • да почека и да го замени производот кога ќе биде достапен

Во тој случај, трговецот е должен да го извести потрошувачот дека производот е повторно достапен, и тоа најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.

Од ова произлегува дека за да се направи замена на производ, не мора да постои конкретна причина – доволно е да се исполнети условите производот да е неупотребуван и да не е нарачан по мерка.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img