15.7 C
Shtip
spot_img

Карлеуша со огнени стрели кон Теа Таировиќ: „Смрди на евтино и преку екран“

Запрашана што мисли за стилот на Теа Таировиќ, која се фотографираше во костим сличен на оној што Јелена го носеше претходно, Карлеуша одговори во свој дрзок стил.

Јелена Карлеуша е позната како жена која нема „влакна на јазикот“ и која честопати има брутално искрени но и безобразни коментари на сметка на луѓето кои ги знае, но и за луѓето кои не ги познава.

А дека нема проблем да каже гласно сè што ќе помисли, Карлеуша ја покажа уште еднаш, во изјава за српските медиуми, кои ја застанаа пред снимањето на нова епизода од шоуто „Пинкови ѕвезди“.

Новинарите ја прашаа што мисли за костимот на Теа Таировиќ, кој е многу сличен на еден од сценските костими кои Јелена ги носеше на своите концерти во изминатиот период

Станува збор за проѕирен костум со делови во боја на кожа и со многу кристали на себе.

„Мислам дека е крајно несоодветно мене и моите костими да нè споредувате со нешто што смрди преку екран и вреска дека е евтино преку екран, така што…“, одговори Карлеуша.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img