8.9 C
Shtip
spot_img

Како денес би изгледале Југо, Стокец и Фиќо?

Ласло Наѓ Перге од Суботица отсекогаш бил заљубен во автомобилите, а неговата страст датира од неговото детство, кога почнал да црта и дизајнира своите омилени модели.

Како што објави Polovniautomobili, еден ден открил нови можности во графичката програма Procreate и почнал да експериментира.

Неговиот омилен модел на Југо толку многу го инспирирал што решил да го „оживее“ во модерна верзија. Откако почнал, бил толку воодушевен од обликот и деталите што едноставно не можел да престане.

Својот цртеж го споделил на Instagram, а позитивните реакции на луѓето го охрабриле да продолжи со својата работа.

Оттогаш, тој постојано работи на редизајн на старите модели на Застава.

Неодамна, тој покажа и како би можелo да изгледа Фиќо, односно Застава 101.

Тој моментално работи на редизајн на Застава 1300/1500 и има многу идеи за други модели што планира да ги модернизира за 21 век.

Неговите планови не се само цртежи, туку вистински уметнички дела што го оживуваат минатото.

━ повеќе содржини

Мирослава Монтемајор е новата Дилета!

Натпреварите од Лигата на шампионите се следат и во далечното Мексико, а добар дел од жителите на оваа земја го гледаат најелитното европско клупско...

БУГАРСКАТА ВЛАДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО МАСОВНИТЕ ПРОТЕСТИ

Бугарската влада вчера поднесе оставка по масовните протести низ земјата. Премиерот Росен Жељазков донесе ваква одлука во пресрет на шестото гласање за доверба на...

„Safe City“ ЌЕ СТАРТУВА ОД 1 ФЕВРУАРИ – Месец плус за усогласување на процедурите за казнување

Од МВР објасниле дека одлуката доаѓа поради потребата од дополнителна техничка проверка и усогласување со правните процедури за електронско казнување. Исто така, се разгледува...

Премиерата на новиот анимиран филм од серијалот „Светот на Биби“

Премиера на новиот анимиран филм од серијалот „Светот на Биби“ ќе се одржи денеска од 12 часот во киното Синеплекс.  Публиката ќе има можност да...

Штипјанецот Бојан Миовски влегува во посакуваната гол-форма! Во ЕЛ постигна ефектен гол со ножички (видео)

Бојан Миовски ја надмина кризата од стартот на сезоната, па македонскиот голгетер повторно блеска во дресот на Ренџерс. Неколку дека откако беше двоен стрелец на...
spot_img