12.4 C
Shtip
spot_img

Истражување на СЗО: Шунката и колбасот предизвикуваат рак! Во прва линија предизвикувачи како и цигарите, азбестот и арсенот!

Светската здравствена организација соопшти дека месните преработки, како што се сланината, шунката и колбасите, може да бидат причина за појава на рак. Во заклучоците на извештајот се поддржуваат „препораки за ограничено внесување месо“. Извештајот го направиле 22 експерти од десет држави.

Според СЗО, месото се обработува на начин на кој му се продолжува рокот на траење или вкусот, со стврднување, додавање сол или конзерванси. Тие додатоци го зголемуваат ризикот од канцер додека високата термална обработка како што е – скара, може исто така да создаде канцерогени хемиски материи.

Во извештајот на Меѓународната агенција за истражување на канцерот (ИАРЦ) во СЗО, со седиште во Лион, се вели дека и црвеното месо во целина е „најверојатно канцерогено“, иако за тоа постојат ограничени докази.

Наведено е дека само 50 грама месни преработки дневно – што е помалку од две парчиња сланина го зголемува ризикот за развој на карцином на дебелото црево за 18 отсто. Сепак, СЗО смета дека месото може да биде и корисно за здравјето и оти тие заклучоци може да им помогнат на државите при давањето урамнотежени совети за исхраната.

„Таа одлука не значи дека треба да престанете да јадете месо и преработки, но ако многу консумирате, можеби би требало да размислите за редуцирање“, вели Тим Кеј, професор од британската Агенција за истражување на канцерот и додава дека здравата храна подразбира умереност.

Меѓународната агенција за истражување на ракот, со седиште во Франција а која е дел од СЗО, го стави обработеното месо како виршлите и шунката на листата во групата 1, каде веќе се наоѓаат тутунот, азбестот и дизел издувните гасови за кои постојат доволно докази дека се поврзани со ракот.

“За една индивидуа, ризикот да развие рак на дебелото црево поради јадење обработено месо и понатаму останува мал, но овој ризик се зголемува со зголеменото количество месо што некој го јаде”, изјави доктор Курт Страиф од Меѓународната агенција за истражување на ракот.

Црвеното место, под кое оваа Агенција ги подразбира говедското, јагнешкото и свинското месо, беше класифицирано како веројатно канцерогено во групата 2А, каде се наоѓа и глифосатот, активна состојка во многу хербициди. Пониската класификација на црвеното месо се должи на ограничените докази дека предизвикува рак.

Од Меѓународната агенција за истражување на ракот нашле поврзаност главно со ракот на дебелото црево, како што беше случајот со обработеното месо, но исто така забележале поврзаност и со ракот на панкреасот и простатата.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img