20.1 C
Shtip
spot_img

Изгаснат е пожарот што вчера изби над Штип

Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип со 10 лица и четири возила, како и екипи од Кочани со две возила и шестмина пожарникари и од Свети Николе со една екипа.

Според Територијалната противпожарна единица во Штип, било интервенирано со неколку противпожарни камиони и со четири специјални теренски возила за гасење пожари затоа што беше опожарен непростапен предел каде гореле трева, грмушки, но во близина имало и пошумени појаси насадени со борова шума, лозови и овошни насади.

Во текот на ноќта пристигнале и територијални единици од Кавадарци, Свети Николе и Кочани. На опожарениот појас во должина од неколку стотина метри беше и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов кој изјави дека во текот на ноќта мобилните проитвпожарни единици полека, но сигурно го гаселе пожарот и дка нема место за паника.

Истовремено, мобилниот штаб на Општина Штип бил во постојан контакт и со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК). Цела вечер опожарените места биле под контрола, а во текот на денот ќе се утврдува дали имало некакви штети и од што настанал пожарот.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img