14.2 C
Shtip
spot_img

ИГРОТЕКА ИЗБРКАЛА ТРИГОДИШНО ТЕШКОПОДВИЖНО ДЕТЕ СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА, УТВРДИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Тригодишно тешкоподвижно девојче болно од церебрална парализа било дискриминирано во една од најпосетените игротеки во Скопје, од вработена која не дозволила мајката да остане да го држи додека седи меѓу играчките и останатите разиграни деца, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

Иако таткото се најавил претходно по телефон и добил дозвола од друга вработена мајката да го внесе болното девојче и да остане со него внатре, кога дошле во игротеката, претпоставената ја избркала мајката. Немоќното дете се вознемирило и почнало да плаче, родителите си го земале, си заминале и случајот го пријавиле во КСЗД.

„Се утврдува директна дискриминација врз основа на ментална и телесна попреченост во областа на пристап до добра и услуги од страна на посочената игротека од Скопје“, стои во одлуката на КСЗД.

Родителот во претставката навел дека претходно ги прочитал условите на игротеката и видел дека не е дозволено родители да влагаат во просторот кој е наменет за анимација на децата, по што се јавил, објаснил за какво дете се работи, а од игротеката му кажале дека нема да претставува никаков проблем со девојчето да седи и мајката.

На одење со расплаканото дете в раце, таткото најавил дека за овој настан ќе објави на социјалните мрежи, по што претпоставената кажала:„Ако, објавете!“.

Комисијата донела препорака оваа игротека да ја отстрани дискриминацијата на начин што ќе им овозможи непречен пристап на лицата со попреченост во услугите и добрата што ги нуди, а ако не го стори тоа, ќе биде пријавена пред надлежен суд.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img