Денес на Градскиот плоштад во Штип се одржа настан по повод Европската недела на имунизација, на кој беа информирани граѓаните за придобивките од имунизацијата. Со редовна имунизација се спречуваат сериозни заразните болести, се намалува ризикот од компликации и придонесуваме за создавање на колективен имунитет.
“Упатуваме голема благодарност до вработените во ЈЗУ Здравствен дом “Д-р Панче Караѓозов” Штип, Општина Штип, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, Детската градинка “Вера Циривири Трена”, ДМУЦ “Сергеј Михајлов”, Домот на културата “Ацо Шопов”, Фестивалот на песни за деца “Весело штурче”, г-динот Раде Рогожаров, учениците од СОУ “Јане Сандански” и студентите од Факултетот за медицински науки при УГД, кои дадоа безрезервна поддршка на овој настан кој беше организиран со помош на Министерството за здравство на Република Македонија.” – изјавија организаторите на настанот.
ЗАШТИТИ СЕ ДЕНЕС, ЗА ЗДРАВА ИДНИНА УТРЕ!







