29.4 C
Shtip
spot_img

ДСП Лисец: “Ајде заедно викендов да ја освоиме Плачковица”

Oд ДСП Лисец овој викенд ги повикуваат сите вљубеници во природата да го искористат убавото време и да ја посетат планината Плачковица. Еве што стои во нивниот повик на социјалните мрежи:

“Вљубеници во природата, планинарки и планинари, на убаво време не се седи дома, затоа, ајде сите во планина, да пешачиме и да се дружиме!!!
Наш предизвик за овој викенд е прекрасната ПЛАЧКОВИЦА
Врв ИЗВЕДЕН(1330м) и врв ЏУМАЈА(1420м)”

15.03.2025(сабота)
Во 7 часот сите се собираме пред С.Р.Ц.”25-ти Мај” во Радовиш, до каде секој доаѓа со сопствен превоз. Од таму со организиран превоз сите одиме до село Калузлија, од каде што се стартува со пешачењето кое води низ ливади, ниска дабова шума, па низ висока дабова шума се стига до врвот Изведен. Од врвот продолжуваме по срт, а потоа по кратко спуштање се излегува на земјен пат кој води до месноста Добра од каде продолжуваме кон врвот Џумаја, каде што се наоѓа и истоимениот планинарскиот дом. Во домот ќе имаме организирана вечера и забава за сите учесници во акцијата.
Патеката е во должина од 18км,Д+1100м/предвидено време 7-8часа

16.03.2025(недела)
По организираниот појадок во 10 часот сите заеднички се упатуваме пеш кон Радовиш по добро позната патека од 18 км за која се потребни 4 до 5 часа во зависност од темпото на групата.
ЦЕНА: 450 денари(вклучени превоз Радовиш-с.Калузлија, вечера и појадок во пл.дом Џумаја)
ЦЕНА ЗА НОЌЕВАЊЕ во пл.дом 500 ден за членови на ПК Лисец со платена чланарина за 2025г.

Секој учесник треба да поседува добро разгазени планинарски чевли, повеќеслојна облека, кабаница, вода 1,5литри и храна од ранец(сендвичи, јаткасти плодови, енергетски барови).
НАПОМЕНА : Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските и моменталните услови на патот.
– Да ја чуваме природата! Не оставајте ѓубре зад себе, носете го со себе во ранец до првиот контејнер.
Пријавување до 13.03.2025(четврток) до 20 часот кај Славчо Спасов 070-319-030(ПК Бел Камен)
Доколку има интерес за организиран превоз од Штип или за еднодневна акција(сабота) одење/враќање Штип инфо кај Александар 070-210-063(ПК Лисец)
Акцијата е во организација на ПК Бел Камен- Радовиш, а истата е поддржана од ПК Лисец Штип

━ повеќе содржини

Трамп го смени рецептот на Кока Кола, компанијата се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека Кока-Кола се согласила да користи „вистински шеќер од трска“ како засладувач во своите пијалоци што се...

МЕЃУ ШТИП, РАДОВИШ И КАРБИНЦИ ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМИОТ ВЕТЕРЕН ПАРК НА БАЛКАНОТ, ИНВЕСТИЦИЈАТА Е ВРЕДНА 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Најголемиот ветерен парк на Балканот почна да се гради меѓу општините Штип, Радовиш и Карбинци на површина од 330 хектари, претежно на територијата на...

Кои се 5-те најпознати народи без држава, знаме и националност?

Во светот постојат стотици етнички групи, но не секоја од нив има сопствена национална држава. Некои народи, иако бројни и богати со култура и...

Кој всушност е новиот дечко на Јелена Карлеуша?

Јелена Карлеуша неодамна конечно ја призна својата врска со младиот кошаркар Никола Јовановиќ. Иако со месеци се шпекулираше за нивната врска, малкумина ги знаат деталите...

Пожар предизвикан од плински уред во текот на вчерашниот ден во Штип

Во текот на вчерашниот ден, во 14:30 часот во СВР Штип било пријавено дека од плински шпорет настанал пожар во куќата сопственост на Е.Л....
spot_img