31.7 C
Shtip
spot_img

ДОЖДОТ СЕ ПРЕТВОРА ВО СНЕГ, СТУД И МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЈА ЗАФАЌААТ ЗЕМЈАТА!

Студен бран со засилен северен ветер ќе донесе промена на временските услови во текот на денешниот ден. Врнежите кои претежно ќе бидат од дожд постепено ќе преминуваат во снег, најнапред на повисоките, а локално и на некои пониски подрачја. Во планинските предели од западниот дел на земјата се очекува создавање нова снежна покривка, додека послаб снежен слој е можен и во дел од котлините. Утринските температури ќе се движат од -2 до 5 степени, а дневните ќе бидат меѓу 0 и 10 степени.

Foto: Pexels

Во главниот град ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд, поизразени во вечерните часови и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од север, а температурите ќе се движат од минимални 1 до максимални околу 5 степени.

Во наредниот период, поради изразено циклонско влијание, времето ќе остане нестабилно со чести повремени врнежи. На пониските места тие ќе бидат од дожд, додека на планините ќе продолжи снегот. Во петок се очекува краткотрајно подобрување и смирување на времето, но за време на викендот, особено во сабота, повторно се најавуваат локални врнежи од дожд и снег, кои на одредени места може да бидат и поинтензивни. Температурите ќе продолжат со постепено намалување.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img