10.1 C
Shtip
spot_img

Даниел (42) пушел цигара на својата тераса во Виена. Судот го казнил со 13.000 евра затоа што ги „вознемирувал“ соседите

Во виенскиот округ Флоридсдорф, еден соседски спор заврши со необична судска одлука.

На станарот Даниел (42), татко на две деца, кој уживал пушејќи цигари на својата тераса, сега му е дозволено да го прави тоа само во строго пропишани термини, додека му е наредено да ги плати сите судски трошоци во износ од околу 13.000 евра.

Сè започна кога станарот над неговата тераса се пожали на чад од цигари. Даниел тврди дека пушел на својот балкон по напорниот работен ден, а соседот се пожалил дека чадот ја вознемирува неа и нејзините деца. Иако локалниот инспектор не пронашол никаква вистинска штета за време на инспекцијата на становите, судот сепак одлучил во корист на тужителот.

Според одлуката на судот, на Даниел сега му е дозволено да пуши на терасата во летните месеци (од април до октомври) само во овие термини:

6:00 – 8:00
10:00 – 12:00
15:00 – 18:00
20:00 – 22:00

Во текот на зимските месеци (ноември – април) дозволените термини се: 8:00 – 9:00, 13:00 – 14:00 и 19:00 – 20:00. Надвор од овие термини, пушењето е забрането, дури и на сопствената тераса, пишува Хојт.

Даниел е шокиран од одлуката: „Во целата зграда, луѓето пушат на балкони и тераси, но сега мораме строго по час“.

━ повеќе содржини

Штипјанец запалил оган во двор и си заминал, пожарот зафатил три куќи, гаража и 5.000 хектари под шума и трева

43-годишен жител на Штип ќе одговара откако запалил оган во двор од негова куќа во село, по што си заминал, а огнот одново се...

Девојка убиена, млад маж повреден во напад на ајкула во Австралија

Една жена загина, а еден маж е сериозно повреден во напад од ајкула во близина на популарно место за сурфање на источниот брег на...

Се прослави како чудотворец – Денес го славиме светиот апостол Филип

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 ноември - ден во сеќавање на светиот апостол Филип.  Роден е во Витсаида крај езерото Галилејско,...

Партизан ја потврди оставката на Жељко Обрадовиќ

Официјално – Жељко Обрадовиќ повеќе не е тренер на Партизан и клубот го потврди ова со објавување на писмото на најтрофејниот тренер во Европа,...

Македонски дизајнер на Ф1 сцената: Стив Аоки прошета уникатни патики на Сатја Грабулоски во Лас Вегас

Изминатиот викенд Лас Вегас беше центарот на адреналинот со претпоследната трка од годинешниот Ф1 шампионат, но покрај возачите, внимание украде и светски познатиот диџеј...
spot_img