24.5 C
Shtip
spot_img

Гумите на бугати болид траат само 60 километри и чинат повеќе од половен автомобил

Кога станува збор за ретки хиперавтомобили кои чинат повеќе милиони долари и се направени само за тркачките патеки, логично е дека и трошоците за одржување се астрономски. Мени Кошбин, еден од 40-те среќници кои успеале да станат сопственици на бугати болид, со цена од 4 до 5 милиони долари, неодамна објави видео со интересни детали за хиперавтомобилот, вклучувајќи го и тоа што сè треба за да се спречи гумите да станат многу скапи гумени конфети.

Бугати препорачува сопствениците на болид да ги менуваат мазните гуми по само 60 километри користење на патека, со цел постигнување врвни перформанси и избегнување забивање во ѕид. А пред воопшто да се стигне до таму, гумите треба да бидат претходно загреани, па потоа монтирани и демонтирани три пати за постигнување некаков магичен „единствен шаблон на тракција“. Едноставно кажано, ова не се обични гуми.

Според Кошбин, нов комплет гуми за болид чини 8.000 долари. Иако тоа звучи скапо, сепак е многу подобро од озлогласениот пакет гуми за бугати широн кој чини 42.000 долари.

Бидејќи болид не може да се вози на улица, Бугати смислено го доставува со различен комплет тенки гуми за полесен транспорт. Ако успеете да му одолеете на поривот да беснеете на патеката и наместо тоа го чувате хиперавтомобилот во климатизирана гаража, тркачките гуми ќе траат околу пет години пред да треба да се заменат.

Друго нешто на што треба да внимаваат сопствениците на болид е дека неколку компоненти во ентериерот имаат рок на траење. Листата ги вклучува појасите на седиштата, некои тапацири, мешината за гориво и, секако, противпожарниот апарат. Подобро да се заменат овие работи на време отколку да се тестира нивната издржливост на брзина од 320 километри на час.

Кошбин е еден од првите купувачи во САД кој го добил својот бугати болид, искуство кое го сподели со своите 1,75 милиони следачи на Јутјуб. Неговата гаража веќе има импресивна колекција на егзотични машини, но дури и во тоа друштво бугати болид со својот 8,0-литарски W12 мотор и 1.600 коњски сили се истакнува како еден од најдобрите.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img