34.1 C
Shtip
spot_img

Градоначалникот Јорданов свечено им ги додели стипендиите на спортистите од општина Штип!

Денес официјално им беа доделени стипендиите на спортистите од општина Штип од страна на градоначалникот Иван Јорданов.

Покрај успесите во спортот, услов беше спортистите да бидат и одлични ученици. Беа доделени вкупно 41 спортска стипендија, а пристигнаа повеќе од 60-тина апликации. На овој начин општина Штип значително ги поддржува младите спортисти кои во иднина ќе имаат многу поголем мотив за уште поголеми резултати.

„Како локална самоуправа во минатото направивме стипендирање, мотивирање на најдобрите ученици, еве со оваа мерка ги стипендираме и најдобрите спортисти, но во мерката беа ставени критериуми за да се стипендираат и мотивира спортскиот резултат основен услов е исто така и да биде одличен ученик како критериум. Во име на транспарентноста на целиот процес беше формирана комисија составена од неколку членови, претставници од советот на општина Штип, претставници од новинарите, претставници од вработените во рамки на локалната самоуправа од одделението за спорт, кои што ги разгледаа сите апликации повеќе од 60-тина на број, а вкупно 41 спортска стипендија се одобрени заради спортски резултати кои што се постигнати“, рече градоначалникот Јорданов.

Како што вели градоначалникот Јорданов, тој што ќе успее во спортот ќе биде успешен и во сите други дејности и во целиот свој живот.

„Спортот е дејност, сегмент во нашето општество кое што создава здрави вредност и јас верувам дека сетоа она кое што се вложува во спортот, резултатите од вложувањата во спортот ќе бидат видливи во нашето општество на среден и долг рок. Живееме во време кога е потребно да го трасираме патот на најмладите кон спортот затоа што тој кој ќе успее во спортот ќе биде успешен и во сите други дејности и во целиот свој живот, затоа што преку спортот го гради својот карактер, го гради својот дух, споделува радост, пораз, успех, знае да споделува колективно, тимски, така да сите придобивки од спортот сум сигурен дека како град и како општество ќе ни користат“, дополнува Јорданов.

Единаесет стипендии се во висина од 3.000 денари, 21 спортска стипендија во висина од 4.000 денари, седум стипендии во висона од 5.000 денари и по една стипендија од по 6.000 и 7.000 денари им беа доделени на штипски спортисти.

Оваа мерка на општина Штип е голема поддршка за младите спортисти, кои ќе имаат многу поголем мотив во иднина да продолжат за уште поголеми успеси, а покрај спортски успеси, да имаат и одлични резултати и во училиштето.

Текстот и фото е превземено од мнет.

━ повеќе содржини

Студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип темелно ќе се реновира!

Студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип темелно ќе се реновира, а реновиерањето ќе трае речиси две години, изјави директорката Гордана Барбашка. Деновиве треба да ја...

Нови законски одредби на Халкидики, бидете внимателни!

На полуостровот Халкидики во Грција, денеска стапи на сила строга забрана за сообраќај и движење на пешаци во одредени шумски подрачја. Главна причина за...

Драстичен пад на цената на горивото – Бензинот поефтин за 4, а нафтата за 8 денари!

Конечно се намалуваат цените на горивата – РКЕ објави дека цените на бензините се намалуваат по 4 денари а дизелот поевтинува 8 денари. Во согласност...

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, лишени од слобода три лица, поднесена кривична пријава

По претходно добиени сознанија и преземени мерки, на 08.08.2026 околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога...

Официјално: Марјан Србиноски е нов тренер на КК Соколи 1933!

На денешната прес-конференција на клубот, КК Соколи 1933 го промовираше новиот тренер, искусниот Марјан Србиноски. Популарниот "Марче" носи огромно искуство и кошаркарско знаење во...
spot_img