Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави.
Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав кој во новата средина носи искуство од НЦАА лигата каде настапуваше за Бејлор и Џорџтаун.
Тој е трето странско засилување за тимот што го предводи Марјан Србиновски.
ГКК Штип по пет одиграни кола има учинок од една победа и четири порази.







