22.3 C
Shtip
spot_img

ВО ЦРКВИТЕ НАСКОРО ПЛАЌАЊЕ И СО КАРТИЧКА, ЗАБОРАВЕТЕ НА СИТНИТЕ ПАРИ!

Доаѓа ново време дури и во црквите. До крајот на 2025 година, во 30 цркви низ Италија од студениот Тренто до сончевата Катанија ќе никнат специјални тотеми со POS-уреди, преку кои верниците и туристите ќе можат да даруваат пари со едно допирање на картичка или телефон.

фото: принтскрин/инстаграм/inaspettato

Проектот, симболично наречен „100 тотеми во 100 цркви“, е заедничка мисија на Banco BPM, финтек-компанијата Numia и Италијанската бискупска конференција.
Наместо да барате ситни во џебот, доволно ќе биде еден допир со Mastercard, Visa или мобилен телефон.

фото: Pixabay

Пилот-проектот, започнат уште во ноември 2024 година, веќе ги освои верниците во базиликата „Свети Амвросиј“ во Милано, светите базилики во Асизи и дури еден информативен пункт во Ватикан. По успехот на тестот, се подготвува проширување на системот во уште 30 цркви, со цел до крајот на иницијативата да се достигне бројката од 100 „паметни“ свети места.

Секој тотем ќе има повеќејазичен екран, погоден и за туристи, и ќе биде поставен на лесно достапни локации во храмовите.

Дигиталното дарување нема цел да ја замени касичката за пари, туку да биде модерна алтернатива за оние што не носат готовина.

Овој нов начин на „електронска добрина“ не само што го следи духот на времето, туку и обезбедува поголема транспарентност и безбедност на донациите.

Изгледа дека и црквата влегува во ерата на бесконтактната технологија,а со тоа, дарежливоста станува попаметна, побрза и поблиска до сите нас.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img