20.2 C
Shtip
spot_img

Во сабота во Штип: Прволигашки фудбал под рефлектори!

ФК Брегалница сезонава својот прв домашен натпревар во првата Македонска фудбалска лига ќе го одигра во вечерен термин, под рефлектори. Натпреварот е закажан во сабота (08.08.2026) со почеток од 19:00 часот. Противник ќе биде екипата на Арсими од Чегране, гостиварско. Штипските “сини” ги бркаат првите бодови во новата фудбалска сезона. Во првиот меч, Брегалница загуби на гостувањето против шампионот Вардар во Скопје, додека Арсими беше исто така поразен со 5:1 во Каварадци, од Тиквеш.

Во меѓувреме, Брегалница се засили со неколку квалитетни засилувања, а со екипата тренираат и неколку странци чиј потпис се очекува во деновите што следат.

━ повеќе содржини

Продажбата падна и дома во странство: Штипскиот Макпромет со добивка од 1,9 милиони денари

„Чунга лунга“ гумите за џвакање, киселото млеко „Кораб“, лебот и свежите печива, разните видови семиња, печатарството… му обезбедиле на Макпромет од Штип позитивен финансиски резултат од 1,906...

Ерлинг Халанд доби сертификати за четири Гинисови рекорди!

Да се знае кој е кој. Фудбалскиот свет му оддаде почит на неоспорниот голгетер! Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, официјално доби четири сертификати...

Штипскиот “Питагора” Дамјан Давков дел од тимот кој освои сребро на ИОИ во Узбекистан

Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го...

Нов случај на семејно насилство во Штип!

Ha 13.08.2026 во 23:50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода В.Н.(40) од Штип. Според пријавеното, подолг период физички...

НОВО ВО ШТИП: Отворена е продавница за детски играчки и бебе-опрема MINOLI

Уште едно ново место во градот кое вреди да го запознаете! MINOLI е продавница за играчки и бебешка опрема, каде родителите можат да пронајдат...
spot_img