13.3 C
Shtip
spot_img

Во понеделник првите враќања на пациенти кои се лекуваа во странство, се дефинира планот за следните фази на рехабилитација

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски очекува во понеделник во државава да бидат вратени првите пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство и инфорира дека веќе се работи на планот за следните фази на рехабилитација. Вкупната бројка на повредени во пожарот достигна околу 200, во домашните болници се 72-ца пациенти, а 111 во странските.

Тој во гостување во Тема на денот на Сител Телевизија вечерва истакна дека денеска завршувааат преносите во странските бопници. Во текот на денов биле транспортирани три пациенти во Турција, седум пациенти во Шпанија и последниот транспорт со двајца повредени ќе биде во Чешката Република.

– Заврши доаѓањето на нови повредени во македонското здравство. И со околу 70 повредени во Македонија, мислам дека можеме да се справиме тука. Се уште имаме пациенти на интензивна нега, меѓутоа сите се стабилни со позитивна прогноза. Во основа логиката на ова што го направивме изминатите денови, бидејќи не знаевме кој ќе биде обемот на трагедијата, беше што повеќе тешко повредени, критични повредени да се пренесуваат во странство. Таа одлука е донесена од Владата многу рано, веќе во утринските часови, рече Клековски.

Тој не кажа за бројот на пациенти кои се во критична состојба, но увери дека прават се што е можно да бидат добро и дека сите до еден се згрижени во најдобри можни услови според степенот на повреди. Ја нагласи и брзата реакција на надлежните.

-Одлучувавме исклучиво по критериуми, конзилијарно, директорите на неколку клиники без разлика што сместувањето беше во пет центри на почетокот – Кочани, Штип, Св Наум Охридски, 8 Септември и повеќе клиники во Клинички центар. Во неделата, за помалку од 12 часа од несреќата првите транспорти на повредени ги имавме кон Солун (Папаниколау), а потоа дојдоа транспорите кон Софија (Пирогов), Бугарија, а потоа и Турција и Србија, вели Клековски.

Тој потенцира дека првиот бран на пациенти, околу 150, го прифати македонското здравство, максимално пожртвувано, а први на помош им пристапиле државите од соседството – Бугарија, Грција, Србија и Турција. Тие реагирале најбрзо со сопствени авиони и испратиле сопствени возила, а Бугарија и Србија испратиле и итна помош. Појасни дека Владата го активирала механизмот за цивилна заштита на Европската унија на вториот ден од несреќата кога се пополниле капацитетите во соседните земји и кога почнале да доаѓаат нови пациенти.

Клековски потсети и на странските медицински тимови кои пристигнаа на помош во земјата од Србија, Израел и од Чешката Република со експертиза за изгореници кои им помогнале на домашните здравствени работници во болниците каде беа лекувани средно тешките пациенти.

Директорот на Фондот најави дека на македонското здравство кое е вели „од 20 век“ му претстои темелна реформа за што од денеска работат со британски тим, а имаат понуда и од израелското Министерство за здравство да работат на механизми за справување со вакви кризни состојби. Тој притоа подвлече дека ова е само почетната фаза на згрижувањето на речиси 200 повредени во пожарот во Кочани, а допрва претстои долготрајна фаза на лекување, рехабилитација и психосоцијална работа. Веќе в понеделник ќе ги имаме, рече, првите враќања од странските болници.

-Траумата е огромна во цела земја, посебно во Кочани, Облешево, Виница, местата каде има погинати. Има потреба од психосоцијална работа, и кај здравствените работници, посебно во Кочани. Сега заедно со дефинирање на планот за враќање на повредените веќе размислуваме за следните фази. И британската Влада и изралеското МЗ понудија да ни помогнат да го конципираме планот што ќе правиме следната една – две години бидејќи оваа трагедија ќе дава последици кои ќе траат подолго, рече Клековски кој изрази импресионираност од координираноста на повеќе различни ресори и исклучителната висока мобилизација и солидарност не само во македонското здравство туку и кај приватниот сектор, од приватните болници, од веледрогериите и фармацевтските куќи.

Финансирањето на лекувањето на пациентите е прашање на кое во првите денови од несреќата не размислувала Владата, а ниту го покренале соседите, но Клековски кажа дека тоа дополнително ќе се отвори бидејќи дел од лекувањата ќе бидат исклучително долготрајни, гледано од досегашни искуства на Фондот.

– Порано или подоцна ние ќе мораме да почнеме да разговараме со земјите како ќе ги уредиме односите. Но, во ниеден момент не се постави прашањето кој ќе го финансира и како ќе го финансира, туку дека прво мора да се бориме да ги спасиме животите на повредените, а потоа ќе ги гледаме достапните механизми и како ќе се регулира тоа, наведе Клековски.

━ повеќе содржини

И пркоси на годините – Лидија Вукиќевиќ изгледа неверојатно и во седмата деценија!

Легендарната актерка Лидија Вукиќевиќ уште еднаш докажа зошто важи за една од најнегуваните жени на Балканот. Иако е во седмата деценија од животот, на нејзиниот изглед...

Колку се безбедни спакуваните салати? Брз и „здрав“ оброк или ризик на чинија?

Претходно измиените, спакувани салати за многумина се прв избор кога сакаат брз и „здрав“ оброк без многу подготовка. Но, експертите за безбедност на храна предупредуваат...

Во Алјаска се произведуваат гигантски зеленчуци за Гинис!

Во долината Матанушка во Aлјаска, земјоделците редовно одгледуваат рекордно големи зеленчуци, вклучувајќи зелки тешки и до 138 фунти и дињи од околу 65 фунти. Причината за...

НИНА РЕД ЗАГЛАВИ ПРЕД ШТИП: КОЛАТА ОТКАЖА ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ НА ДОАЃАЊЕ НА SHTIP FASHION DAYS

Инфлуенсерката Нина Ред не успеа да пристигне на престижната модна манифестација Штип модни денови поради неочекуван проблем на патот. Како што самата сподели на социјалните мрежи, нејзиниот автомобил откажал...

НАГЛА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: ПО СОНЧЕВОТО УТРО ДОЖД И ГРМЕЖИ!

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но стабилноста нема да трае долго. Според најавите, од пладневните часови се очекува локален...
spot_img