21.3 C
Shtip
spot_img

Во океаните има околу 20 тони злато, но не размислувајте да го барате!

Сигурно знаевте дека океаните покриваат дури 71% од површината на Земјата. Но, тоа не е единствената интересна работа за нив. 

Сонцето им дава на океаните сина боја
Кога сончевите бранови должини ја “допираат“ површината на океанот, портокаловата и црвената бранова должина се апсорбираат, додека сините бранови должини навлегуваат подлабоко, со што, колку е подлабоко, океанот изгледа по син .

Најдлабокиот дел на океанот е исто така и најдлабокото место на Земјината кора
Тоа е ровот Маријана, кој се наоѓа во западниот дел на Тихиот океан во близина на островот Гуам. Тој е близу 11 километри длабок. Ако немате чувство за колку навистина длабочина станува збор, имајте на ум дека ако Монт Еверест застане внатре, сè уште ќе е 2 километри под површината на водата.

Се проценува дека има околу 20 тони злато во океаните
Ако размислувате да организирате експедиција за да го најдете, веднаш откажете се. Имено, тоа е толку ситно што е неупотребливо. На секој литар солена вода има само 13 милијардити грам злато!

Луѓето знаат повеќе за океаните отколку што мислат
Океанографите мапираа скоро 100% од океаните, иако не во најсјајна резолуција.
Сепак, иако луѓето многу не ги истражуваат светските океани, со помош на технологијата имаме идеја како изгледаат под површината.

Сè уште не знаеме доволно за живиот свет во океаните
Нивната големина и притисокот на водата нè ограничуваат да ги истражиме подетално. Научниците веруваат дека наидовме на само една третина од растителните и животинските видови во океаните. Од друга страна, напредокот е видлив и во океаните секоја година се откриваат просечно 2.000 нови животински и растителни видови.

Повеќето вулкански ерупции се случуваат под површината на океанот
Дури 80% од вулканските ерупции воопшто не се чувствуваат на површината на Земјата. Во океаните се пронајдени повеќе од милион вулкани, од кои некои се активни, а некои згаснати. Без оглед на топлината што ја создаваат кога ослободуваат лава, многу растителни и животински видови преживуваат во нивна близина.

Океаните ни овозможуваат да дишеме
Океаните произведуваат 70% од кислородот во атмосферата, пред се благодарение на морските растенија што го ослободуваат во процес на фотосинтеза. Врста на планктон, прохлорокок, е одговорена за една петтина од кислородот кој на луѓето им е потребен за живот.

Рибите во океаните јадат многу пластика
Дури 7 милиони тони пластика завршуваат во океаните за една година. Од тоа, меѓу 12 и 14 илјади тони ќе бидат проголтани од риби.

━ повеќе содржини

Продажбата падна и дома во странство: Штипскиот Макпромет со добивка од 1,9 милиони денари

„Чунга лунга“ гумите за џвакање, киселото млеко „Кораб“, лебот и свежите печива, разните видови семиња, печатарството… му обезбедиле на Макпромет од Штип позитивен финансиски резултат од 1,906...

Ерлинг Халанд доби сертификати за четири Гинисови рекорди!

Да се знае кој е кој. Фудбалскиот свет му оддаде почит на неоспорниот голгетер! Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, официјално доби четири сертификати...

Штипскиот “Питагора” Дамјан Давков дел од тимот кој освои сребро на ИОИ во Узбекистан

Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го...

Нов случај на семејно насилство во Штип!

Ha 13.08.2026 во 23:50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода В.Н.(40) од Штип. Според пријавеното, подолг период физички...

НОВО ВО ШТИП: Отворена е продавница за детски играчки и бебе-опрема MINOLI

Уште едно ново место во градот кое вреди да го запознаете! MINOLI е продавница за играчки и бебешка опрема, каде родителите можат да пронајдат...
spot_img