Настапот против Луксембург, беше 89-ти за Војдан Стојановски во дресот на македонската репрезентација, со што тој се изедначи на првото место на вечната листа со Тодор Гечевски.
Денес, на гостувањето кај Азербејџан, кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром и капитен на репрезентацијата, Стојановски, ќе влезе во историјата како прв кошаркар со 90 настапи на официјални мечеви за Македонија.
Војдан речиси 20 години е дел од националниот тим, никогаш не ги одбиваше повиците на селекторите, играше и на Евробаскетите во 2009, 2011, 2013 и 2015 година и еве на прагот е да стане рекордер и да испише нова светла страница во историјата на мак-баскетот.
Стојановски е и четврти стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија, уште против Азербејџан може да го надмине Гечевски и да стане и трети, па пред него да бидат само Петар Наумоски и Врбица Стефанов.







