13.8 C
Shtip
spot_img

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8 ноември – Денот на ослободувањето на Штип, во петок со почеток од 18 часот ќе се одржи традиционалната Ноќна трка, на која се очекува да учествуваат околу 150 натпреварувачи.

Станува збор за спортска манифестација со долгогодишна традиција, која со децении е дел од активностите на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Штип.

И годинава трката ќе обедини учесници од различни возрани категории и институции, кои преку спортот ќе го одбележат празникот на градот.

Традиционалната Ноќта трка која ќе започне во 18 часот ќе биде на улица „Васил Главинов“ потег од мостот кај Соборен храм „Св. Никола“ кон гимназијата „Славчо Стојменски“.

Сите пријавени учесници треба да бидат присутни во дворот на гимназијата најдоцна до 17:30 часот, од каде што ќе следуваат подготовките за почетокот на трката.

На годинашното издание се очекува учество на околу 150 натпреварувачи. Во трката ќе биде вклучени ученици од основите и средните училишта во Штип, како и претставници од Армијата на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Ноќната трка е препознатлви дел од спортската традиција на Штип и манифестација која се одржува долги години по повод Денот на ослободувањето на градот.

Низ годините, повеќе генерации штипјани имале можност да бидат дел од оваа спротска активност, која покрај натпреварувачкиот карактер има и симболично значење.

Преку трката се промовираат спортот, физичката активност и здравите животни навики, а воедно се негува традицијата на одбележување на 8 ноември.

Посебно значајно е учеството на учениците од основните и средните училишта, кои преку ваквите манифестации добиваат можност да се вклучат во организирани спортски активности и да го почувствуваат натпреварувачкиот дух.

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...
spot_img