15.5 C
Shtip
spot_img

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството и успешно одгледува вистински егзотични реткости.

Во нејзините пластеници растат десетици необични сорти зеленчук, но најголемо внимание привлекува еден мал жолт пипер кој важи за најскапиот во светот.

Станува збор за перуанската сорта Aji Charapita, див пипер со ситни жолти плодови чија цена на американскиот пазар достигнува неверојатни 20.000 долари за килограм сушен производ.

Мала пиперка со огромна вредност

Иако е целосно јадлива, оваа ретка сорта најчесто не се користи како класичен зачин.

Поради својот специфичен изглед и интензивна арома, Aji Charapita е омилена во најлуксузните ресторани во светот, каде што се користи за декорација на врвни гастрономски специјалитети.

„Во моментов одгледувам садници од најскапата пиперка во светот – дивата перуанска Aji Charapita со ситни жолти плодови. Еве, оваа веќе има први плодови“, вели Весна.

Сепак, таа признава дека на локалниот пазар нема побарувачка што би ја оправдала ваквата цена.

„За жал, немам пазар каде што би можела да ја продавам по таа вредност. Инаку немаше да одгледувам ниту малини ниту боровинки“, додава таа.

Колекција од стотици сорти

Весна за себе вели дека повеќе е колекционер отколку класичен земјоделец.

Во својата градина има меѓу 70 и 80 сорти пиперки, како и повеќе од 230 сорти домати од различни делови на светот.

Меѓу нив се наоѓаат необични видови како „мечкина шепа“, „џиновско воловско срце“, „бабушкина тајна“, како и бројни егзотични сорти кои ретко можат да се видат на Балканот.

„Повеќе и не ги бројам. Сакам да имам по малку од сè – од зачински билки, преку зеленчук, до овошје“, раскажува таа.

Недостигот од работници ја намалил производството

Иако некогаш имала четири дулими под малини, денес обработува многу помала површина.

Причината е недостатокот на работна сила, проблем со кој се соочуваат многу рурални средини во регионот.

Денес нејзиното семејство одгледува околу еден дулум малини, стотина грмушки боровинки и два пластеника со ретки сорти зеленчук.

„Работиме онолку колку што можеме сами да обработиме“, објаснува Весна.

Без помош од институциите

Своите производи ги продава директно од дома, на земјоделски саеми и преку социјалните мрежи.

Но, како што вели, институционалната поддршка речиси и не постои.

Во текот на 2024 и 2025 година временските непогоди целосно уништиле два нејзини пластеника, но не добила никаква отштета или помош.

„Ниту малите, ниту големите земјоделци немаат вистинска поддршка. Два пластеника ми беа уништени, а никој не нè праша дали ни е потребна помош“, вели разочарано Весна.

И покрај сите предизвици, таа не се откажува. Веќе ги подготвува новите насади и продолжува да ја збогатува својата необична колекција со нови егзотични сорти кои ретко може да се најдат на овие простори.

━ повеќе содржини

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...

Шампионот Штип УГД официјално „ги запали моторите” и комплетен ќе работи под полна пареа!

Актуелниот одбојкарски шампион на Македонија, Штип УГД денеска се до-комплетираше со репрезентативците кои беа дел од селекцијата на Македонија на ЕП во Бугарија и...

Тркалезна маса на тема „Криза на детството: Загубениот дух на детството и смислата на играта“

Тркалезна маса и промоција на книгата „Криза на детството: Загубениот дух на детството и смислата на играта“ од проф. д-р Кирил Барбареев ќе се...

Младите македонски информатичари се закитија со медали на Балканската олимпијада во Тирана, штипјанецот Давков бронзен!

Македонскиот тим освои сребрен и бронзен медал на 33-тата Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2026) во Тирана. Владимир Грчев од Кочани се закити со...

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...
spot_img