32.7 C
Shtip
spot_img

Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница

Во штипската модуларна болница е регистриран нов вандализам од страна на непознати сторители. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев денеска на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои се гледа дека непознати сторители ја саботирале електрична инсталација со цел да предизвикаат пожар во објектот.

– Во изминатиот период, модуларната болница во Штип неколкупати е мета на намерни оштетувања. Непознати сторители саботираат делови од електричната инсталација, со сериозен ризик да предизвикаат краток спој и пожар. Со тоа директно се загрозува здравствениот персонал и безбедноста на објектот, посакувајќи намерен пожар, вели во фејсбук статусот Захариев.

Тој истакнува дека овие вандалски акти ја успоруваат и одложуваат планираната реконструкција и унапредување на модуларната болница, која треба да обезбеди подобри услови за згрижување на пациенти и работа на медицинскиот кадар.

-Станува збор за сериозна закана која бара итна и решителна реакција, вели Захариев.

Тој во телефонска изјава вели дека случајот е пријавен во Полиција. Инаку болницата во изминатата година десет пати има пријавувано дека  некој влегувал и крадел делови и инвентар од модуларната болница.

━ повеќе содржини

Пијте многу вода, не излегувајте од 11 до 17 часот, носете лесна облека!

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од високите температури, бидејќи, според најавите, топлотниот бран ќе трае најмалку...

Во сабота во Штип: Прволигашки фудбал под рефлектори!

ФК Брегалница сезонава својот прв домашен натпревар во првата Македонска фудбалска лига ќе го одигра во вечерен термин, под рефлектори. Натпреварот е закажан во...

Директорот на КБ Штип вети одговорност ако се докаже докторска грешка, ДСЗИ од денес со вонреден надзор

"Во врска со информациите и коментарите кои се појавија на социјалните мрежи во однос на пациентка која по извршен царски рез развила невролошки симптоми,...

Ефтимова: “Очекуваме штетата за болницата од невремето да биде неколку милиони денари”

Првична процена на штетата во Клиничката болница Штип е неколку милиони денари, но чекаме извештај од осигурителната компанија – изјави денеска заменик-директорката на штипската...

Двете штипски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“ административно се спојуваат во една јавна установа

Двете штипски градинки, „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“, административно ќе се спојат во една јавна установа . Градинките ќе продолжат да работат во истите објекти и...
spot_img