12.9 C
Shtip
spot_img

„Бурџ Ал Араб“ привремено СТАВА КЛУЧ НА ВРАТА

Еден од најпрепознатливите хотели во светот, култниот „Бурџ Ал Араб“ во Дубаи, привремено ќе ги затвори своите врати поради обемен проект за реновирање кој ќе трае 18 месеци. Сопственикот на објектот, групацијата „Jumeirah“, потврди дека работите ќе се одвиваат во фази, а целиот проект е доверен на познатиот париски архитект за ентериер, Тристан Ауер. Ова е прва голема реконструкција на хотелот од неговото свечено отворање во 1999 година.

Иако официјално не е прецизирано дали хотелот ќе биде целосно затворен во текот на целиот период, извори од внатрешноста потврдуваат дека објектот привремено ќе престане со работа за да се овозможи непречено изведување на зафатите. На гостите кои веќе имаат направено резервации ќе им биде понуден алтернативен сместување во останатите луксузни хотели од портфолиото на „Jumeirah Group“.

Од менаџментот нагласуваат дека реновирањето нема врска со неодамнешниот инцидент од февруари годинава, кога делови од пресретнат ирански дрон предизвикаа помали оштетувања на фасадата на хотелот. Исто така, тие негираат поврзаност со актуелната геополитичка ситуација, иако тајмингот на работите се совпаѓа со забележителниот пад на туристичката активност на Блискиот Исток поради конфликтите кои предизвикаа нарушувања во воздушниот сообраќај.

„Бурџ Ал Араб“, со својата специфична форма на едро, останува врвен симбол на луксузот и најголема туристичка атракција во Дубаи, а по оваа фаза се очекува да постави нови стандарди во светот на угостителството со уште помодерен и пософистициран изглед.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img