20.1 C
Shtip
spot_img

Бугарија преминува од лев на евро

Бугарија доби зелено светло од лидерите на Европската Унија да ја користи заедничката валута евро од 1 јануари 2026 година. Лидерите на ЕУ во Брисел, го поддржаа предлогот на Европската комисија да ѝ се дозволи на Бугарија да стане 21-ва членка на еврозоната.

Оваа земја е членка на Европската Унија од 2007 година и е првата земја што ќе го усвои еврото откако Хрватска почна да ја користи заедничката валута во 2023 година.

Сепак, претходно треба да бидат консултирани Европскиот парламент и Европската централна банка (ЕЦБ) за потребните законски измени пред Бугарите да можат да плаќаат во евра.

Бугарија, како една од најсиромашните земји на ЕУ, сè уште е на дното од групата од 27-членки во однос на бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител, иако стапките на раст се повисоки од другите земји.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img