14.3 C
Shtip
spot_img

Барселона и Тер Штеген “ја спукаа”

Марк-Андре тер Штеген (33) ќе мора да ја напушти Барселона. Голманот кој изминатите години беше еден од симболите на Барселона, дозна колку суров може да биде приофесионалниот фудбал.

Тер Штеген ја пропушти речиси целата сезона, во која Барселона освои три трофеи. Како замена клубот од пензија го врати Војчех Шчесни, што се покажа како полн погодок.

Сега како што стојат работите двајцата ќе ја напуштат Барселона, Тер Штеген бара нов клуб, а Шчесни ќе се врати во пензија.

Целта на Барселона е да го ангажира најталентираниот шпански голман, Џоан Гарсија (24) од редовите на градскиот ривал Еспањол.

Еспањол се обидува да го блокира трансферот, меѓутоа нема да може да направи ништо доколку Барселона ја активира откупната клаузула од 25 милиони евра, а голманот се согласи да се пресели на „Ноу Камп“.

Тер Штеген одигра 422 натпревари за Барса и не прими гол на дури 175 натпревари. Тој е во клубот од јули 2014 година.

━ повеќе содржини

Доделени 8-мо номеврските награди!

На свечена седница денеска беа доделени 18 осмоноемвриски признанија во Штип по повод ослободувањето на градот 8 Ноември. Заслужни граѓани, институции, здруженија, граѓански организации...

ОК Штип УГД почна да одбројува до историското деби на европска сцена

Уште само пет денови до првиот меч од европскиот Челинџ купот во одбојка, каде нашиот клуб Штип УГД ќе настапува за прв пат. Во...

НОВА УСЛУГА НА „ВИЗ ЕР“! – ПРАЗНО СЕДИШТЕ ДО ВАС, ПОВЕЌЕ КОМФОР И ПРИОРИТЕТНО КАЧУВАЊЕ: ЕВЕ ШТО ЌЕ НУДИ „ВИЗ КЛАС“!

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ наскоро ќе понуди сосема ново искуство за патниците што сакаат повеќе удобност на летот. Од декември 2025 година, компанијата стартува...

ДАЛИ СЕ ПОСТИ ЗА МИТРОВДЕН?

Македонската православна црква и нејзините верници в сабота, на 8 ноември, го празнуваат Митровден, односно Свети Димитриј, кој се смета за еден од најголемите...

МАЛТА ГИ НАПРАВИ ТЕРЕТАНИТЕ БЕСПЛАТНИ ЗА СИТЕ НА ВОЗРАСТ ОД 16 ДО 21 ГОДИНА!

Од 2026 година, сите жители на Малта на возраст од 16 до 21 година ќе добијат можност за шест месеци бесплатна членарина во теретана. Оваа...
spot_img