11.6 C
Shtip
spot_img

Ако сте во Германија и го имате овој предмет во кола, ќе платите глоба од 10.000 евра

Во Германија не е дозволено да носите секакви предмети во автомобилот. На следниве работи треба особено да обрнете внимание кога станува збор за законските прописи.

Без разлика дали станува збор за случајност, практичност или зголемена потреба за безбедност, ако во автомобилот имате нож, може да се соочите со многу висока парична казна. Имено, во зависност од намената, должината на сечилото и типот на ножот, се применува Законот за оружје.

Како што објаснува германскиот автоклуб, носењето одредени видови ножеви е генерално забрането, дури и во автомобил. Ако, на пример, нема оправдана причина за поседување забранет нож, што значи дека не ви е потребен за работа или не можете да докажете друга оправдана потреба, тоа може да резултира со парична казна и до 10.000 евра.

Оваа ситуација важи и ако ножот (или повеќе ножеви) само го превезувате во автомобилот, но не сте го ставиле во заклучена кутија или торба. Не е дозволено ниту чување во фиока во автомобилот бидејќи ножот таму е лесно достапен.

Според германскиот автоклуб, забранетите видови ножеви според законот не се однесуваат на обични џебни ножиња. Но, некои кујнски сечила не би требало да ги носите во автомобилот.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img