10 C
Shtip
spot_img

ФФМ: Ќе биде покрената дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица

  • Фудбалската федерација на Македонија го осуди инцидентот што се случи на натпреварот од младинските категории (генерации 2009/10) помеѓу екипите на Брегалница и Шкупи, кога група родители на гостинските фудбалери влегоа на теренот и физички нападнаа дел од домашните играчи.
  • „Ваквото однесување е целосно неприфатливо и претставува грубо нарушување на спортскиот дух, фер играта и безбедноста на младите фудбалери. Особено загрижува што едно од децата претрпе сериозни повреди, скршеници, како последица од нападот“.
  • „ФФМ најавува дека надлежните органи ќе поведат дисциплинска постапка и ќе преземат соодветни мерки за сторителите на инцидентот. Ќе биде покрената дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица, со цел вакво недолично и опасно однесување никогаш повеќе да не се повтори“, стои во соопштението на ФФМ

━ повеќе содржини

Што се слави повеќе во Македонија? Свети Трифун или Свети Валентајн?

На 14-ти февруари според новиот календар (односно 1-ви февруари според стариот календар) е денот на кој се празнуваат празниците свети Трифун и свети Валентин. Свети Трифун претставува православен...

Студент загина во трамвајска несреќа во Сараево

 Окружното обвинителство во Сараево во петокот ја продолжи истрагата за околностите под кои се случи тешката сообраќајна несреќа претходниот ден, кога трамвај излета од...

Девојките од ОК Младост УГД сериозно “гризат” кон место кое води во европските купови

На синоќешниот дуел против екипата на Пелистер Волеј, екипата на ОК Младост УГД победи со максимални 3:0 во сетови. Во едно одлично издание на...

ФК Брегалница ги претстави последните две засилувања пред почетокот на пролетниот дел

Аљбан Мемеди и Никола Талески се двајцата играчи со кои се заокружи списокот на играчи на кои ќе смета Влатко Костов, шеф на стручниот...

САД и Македонија постигнаа Договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија

Соединетите Американски Државии Република Северна Македонија постигнаа  Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија за зајакнување билатерални економски односи, што ќе им обезбеди...
spot_img