Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност.
Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со Центарот за Трансфузиологија од Штип, ќе се реализира крводарителска акција во просториите на клубот. Крв ќе даруваат фудбалерите, младинските категории, стручниот штаб и управата. Воедно, од клубот ги повикуваат сите навивачи и поддржувачи на Брегалница, а и сите спортисти во град Штип да се приклучат на крводарителската акција. Истата ќе се реализира во период од 10:00 до 15:00 часот.







