Општина Карбинци својот 30-годишен јубилеј од постоењето ќе го одбележи со повеќе културни и спортски активности како и со настап на повеќе бендови и естрадни ѕвезди од странство. Настанот ќе се одржи на фудбалскиот стадион во општина Карбинци.
Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов на прес-конференцијата не кажа ништо што е направено изминатите 30 години во општината, кои инфраструктурни проекти се реализирани. Кажа дека на прославата главна музичка ѕвезда ќе биде српската пејачка Гоца Тржан, а во музичката програма покрај Тржан ќе гостува и групата „Енерџи бенд“ со Ѓоко Јовиќ.
По повод патрониот ден на Општина Карбинци, православниот празник „Св. Спас “ на 21 мај ќе има натпревари во мал фудбал и боречки турнир затоа што од оваа општина потекнуваат повеќе македонски боречки репрезентативци и олимпијци.







