15.1 C
Shtip
spot_img

Трагедија во Кочани: Пожар во дискотека однесе 59 животи, меѓу нив и младиот фотограф Александар Ефремов

Во трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 лица, а над 100 се повредени.  Меѓу загинатите е и Александар Ефремов, талентиран млад фотограф од Штип. Неговите блиски пријатели се простуваат од него со зборовите: „Почивај во мир, Царство Небесно“. За Ефремов велат дека бил ретко добар човек и врвен фотограф.

Пожарот избувна за време на настап на познатиот македонски бенд ДНК, кога пиротехнички средства предизвикаа запалување на таванот, кој бил од лесно запалив материјал.  Оваа трагедија ја потресе целата земја, а Владата прогласи седумдневна жалост и наложи итни инспекции на сите ноќни клубови и дискотеки. 

Сочувствата пристигнуваат од целиот регион и Европа, а властите ветија целосна истрага за причините за оваа трагедија.  

━ повеќе содржини

Двајца пациенти се на респиратор, некои се со 60 отсто изгореници

Двајца од хоспитализираните 29 лица во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ по пожарот во дискотека во Кочани се на респиратор, а останатите...

Повеќе од 24 часа по најголемата трагедија во Македонија – што знаеме досега?

Македонија вчера ја доживеа најголемата трагедија од осамостојувањето. Во пожар во диско клубот „Пулс“ во Кочани, загинаа најмалку 59 лица, од кои голем број...

Состојбата на Панчо е влошена, на апарати е: Трахеата му е оштетена

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски вечерва упати апел за молитва за сите повредени во трагедијата во Кочани. Таа објави дека Владимир, или попознат како...

Андреј од ДНК загина во пожарот во дискотеката во Кочани

Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Тој, според нашите...

Српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ го привлече вниманието на ревијата на Валентино во Париз

Тамара Калиниќ е една од најпознатите модни инфлуенсерки во регионот, чии модни избори секогаш се следат со голем интерес. Оваа српска блогерка со постојана адреса...
spot_img