23.7 C
Shtip
spot_img

Сопругата на Гоце Арнаудов низ солзи ја прими наградата на Валандово

На фолк фест „Валандово“ постхумно беше доделена награда за животно дело на Гоце Арнаудов, кој остави неозбришливи траги не само на овој фестивал, туку и во современата македонска фолк музика.

Наградата ја прими неговата сопруга Силвана Арнаудова, чие срце не издржа, на сцена ја совладаа емоции и се расплака.

Публиката, пак, во негова чест стана и со долг аплауз му оддаде почит.

-Благодарам на фестивалот за наградата и што не го заборави Гоце. Колку години и да поминат болката не се лекува. Јас велам нема веке да плачам ама емоциите совладуваат. Па во песните што ги пуштаат јас него го гледам. Не е лесно. Знам треба да бидеш прибран ама тешко е. Луѓето велат времето лечи ама не лечи. Празнината и потребата од него се чувствува. Ама нема што друго, мора да се помириме дека него веќе го нема, вели Силви и додава:

-Мене тешко ми беше уште од дома, кога се подготвував за да дојдам на фестивал. Син ми Оскар имаше пуштено негова песна и јас се навратив на времето кога требаше да се одржи Валандово, а кога Гоце беше жив. Тоа беше празник за целото семејство. Еуфорија. Што да облече, што да земе, па го вежбаше текстот. Беше голема семејна еуфорија, радост во семејството. А сега, јас се спремам сама и ништо не е исто. Како можеш да ги совладаш емоциите. Сега дома атмосферата е друга, вели Силве.

Легендарниот Гоце не успеа да се извбори со тешката болест и почина на 6 декември 2011 фодина. Зад себе остави голем број хитови, од кои дел се веќе евергрини. На фолк фест „Валандово“ е еден од најнаградуваните пејачи.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img