33.4 C
Shtip
spot_img

Раде и Марјан Ивановски од Штип со златно одличје на “Бланик Куп” во Приједор!

Татко и син од Штип со злато за Македонија на „Бланик куп“ во Приједор: Раде и Марјан Ивановски најдобри во екипна конкуренција.

Македонското воздухопловство забележа одличен успех на 21. Меѓународен „Бланик куп“, кој се одржа на аеродромот „Урије“ во Приједор, Босна и Херцеговина.

Меѓу околу 30 пилоти од регионот, Европа и Австралија, Раде и Марјан Ивановски од аеро-клубот „Rimin Air“ од Штип го освоија првото место во екипна конкуренција на Отвореното меѓународно првенство.

Особено значење на успехот му дава фактот што Раде и Марјан се татко и син, кои заедно го продолжуваат семејниот пат во воздухопловството.

Раде Ивановски е еден од најискусните македонски пилоти, со повеќе од 14.000 часови летање. Тој е капетан и инструктор на „Боинг 737“, но и искусен пилот и инструктор на едрилици. Во Штип е основач и сопственик на воздухопловниот центар „Rimin Air“.

Неговиот син Марјан, пак, го следи истиот пат и е активен пилот на моторни авиони и едрилици. Тој веќе има значаен резултат од „Бланик куп“, откако во 2016 година беше вкупен победник во поединечна конкуренција на 11. издание на натпреварот.

На годинашниот куп нивниот тим се искачи на највисокото место во екипната конкуренција, додека Ненад Давидовиќ од АК „Куманово“ го освои првото место во поединечна конкуренција.

Раде Ивановски по победата истакна дека натпреварувањето поминало во одлична атмосфера, со коректно и безбедно летање, додавајќи дека екипното злато е голема сатисфакција.

„Бланик куп“ се одржа од 21 до 23 август, со учество на пилоти од Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Полска, Австрија, Германија и Австралија.

━ повеќе содржини

Бројот на запишани студенти на УГД поголем од ланската година!

1150 документи се поднесени за упис на УГД Штип. Бројот е поголем од лани. 1150 документи се поднесени за упис на УГД Штип, во првиот...

Штипјанка влегла во дом на кумановци, била агресивна и oдбивала да си замине!

Триесет и двегодишна жена од Штип била приведена викендов по пријава дека влегла во куќа во Куманово, била агресивна и не сакала да си...

Штип: Пијан мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа

Во саботата, на 22.08.2026 во 16:30 часот во СВР Штип е пријавено дека во 11:40 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип се случила сообраќајна несреќа...

Штипјанката Бојана, обвинета во случај со брутално убиство во Хрватска, исчезна заедно со своето малолетно дете!

Хрватската полиција трага по 33-годишната Бојана Пешевска, родена во Штип, која минатата година беше обвинета за повеќе кривични дела поврзани со случајот со бруталното...

Штипските Соколи сакаат да “летаат” високо во Суперлигата!

Екипата на КК Соколи од Штип и натаму продолжува да го пополнува својот ростер за следната натпреварувачка сезона. Овојпат во прашање е странско засилување...
spot_img