16.2 C
Shtip
spot_img

Производите на Витаминка на престижниот China-CEEC Expo 2025 во Кина

Витаминка годинава е дел од 4. издание на China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair (Меѓународен саем за потрошувачки производи), кој се одржува од 22 до 25. мај 2025 година во Нингбо, Кина, информираа од таму.

Настанот, кој претставува единствен национален институционален саем во Кина посветен на соработката со земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), на едно место собира стотици компании, со цел унапредување на трговијата и економската соработка со кинескиот пазар.

Претставник од Витаминка е Игор Рибар, подрачен шеф во извоз, кој во рамки на настанот ќе оствари значајни средби со потенцијални партнери и дистрибутери од Азија, посочуваат од таму.

„Учеството на Витаминка на China-CEEC Expo е значаен чекор за отворање кон нови пазари и интернационализација на нашите брендови. Настанот ќе ни овозможи директна промоција на нашите производи пред глобална публика и остварување контакти што може да резултираат со нови извозни договори.

Кина е огромен пазар, а Витаминка има што да понуди – квалитет, традиција и прилагодливост“, изјави Рибар.

China-CEEC Expo 2025 се одржува под мотото „Нови визии за иднината“. Големиот настан ќе вклучува церемонија на отворање, сесии за поврзување на бизниси, активности за промоција на инвестиции, културна размена и трговска изложба која ќе се простира на 80 илјади квадратни метри.

-Присуството на Витаминка на ваков престижен саем ја потврдува посветеноста на компанијата кон проширување на своето меѓународно присуство, а истовремено претставува и вреден придонес за промоцијата на македонската храна и прехранбена индустрија во светски рамки, велат од таму.

Саемот China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair потекнува од иницијативата од 2013 година во Букурешт, кога беше предложено организирање на изложба на потрошувачки производи од ЦИЕ во Кина.

Првиот саем се одржа во јуни 2014 година во Нингбо, а во 2019 година доби статус на национален институционален саем, со официјално име China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair.

Од 2019 до 2023 година, на саемот учество зеле повеќе од 3 000 компании од ЦИЕ, со над 10 000 различни производи.

━ повеќе содржини

Невреме и поројни дождови се очекуваат на Халкидики!

Црвен аларм во Грција: Невреме со град, силен ветер и поројни дождови се очекуваат во Халкидики и Солун Црвен метеоаларм е издаден во Грција поради...

На територија на Штип за 4 дена изгореа 5 автомобили!

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само во текот на вчерашниот ден се запалија две возила, едното на паркинг просторот...

Две млади момчиња глумеле полицајци во Штип!

Двајца 22-годишни мажи од Штип и Псача се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на...

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...
spot_img