11.5 C
Shtip
spot_img

ПОЧНА СНИМАЊЕТО НА НОВИОТ МАКЕДОНСКИ ФИЛМ „ПОТСТАНАР“

Режисерот Марко Ѓоковиќ на 15 јуни почна со снимањето на својот дебитантски долгометражен филм со работен наслов  „Потстанар“.  Продукцијата е на „Сектор филм“, а сценаристи се Ѓоковиќ и Симеон Венциславов од Бугарија. Филмот ќе се снима на повеќе локации низ Скопје во текот на наредниот месец.

„Потстанар“ е копродукција со „Мир Медиа Груп“ и „Ливинг Пикчрс“ од Србија, како и со „Парангал филм“ од Црна Гора, со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, Филмскиот центар на Србија и Филмскиот центар на Црна Гора.

Во 2021, „Потстанар“ беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм.

Македонските продуценти Владимир Анастасов и Ангела Несторовска велат дека „Потстанар“ е психолошка драма инспирирана од драмскиот текст „Владимир“ на словенечкиот автор Матјаж Жупанчиќ. Приказната ги следи тројцата пријатели чиј заеднички живот добива неочекуван пресврт кога зад шармантната фасада на нивниот нов цимер започнува да се открива неговата вистинска, манипулативна природа. Во ограничениот простор на заедничкото живеалиште, борбата за лична слобода станува неизвесна.

Главните улоги ги играат младите актери Ана Јовановска, Илија Волчевски и Хакан Даци, како и Албан Укај од БиХ кој се прослави со  улогата на Сокол во филмот „Тишината на Лорна“ на  браќата Дарден. Во останатите улоги се Николина Кујача, Камка Тоциновски, Софија Куновска, Борис Дамовски, Адем Карага, Стефанија Начевска, Мина Јелушиќ, Лазар Христов, Бранко Атанасов и Матеа Јанковска.

Директор на фотографија е  Александар Крстевски, сценограф е Сашо Блажевски, костимите се на Розе Трајческа, шминката на Снежана Ангеловска-Живковска, снимател на звук e Дејан Михајловски, а кастинг директорка Милка Анчевска

Копродуценти се Александар Протиќ, Димче Стојановски, Стефан Орландиќ Стојановски (од Србија) и Маја Кецојевиќ (од Црна Гора)

Режисерот Марко Ѓоковиќ е роден во Скопје во 1984. За време на средношколските денови бил вклучен во неколку филмски продукции. Во 2004 се запишал на Европскиот филмски Колеџ во Данска на отсекот за режија, а дипломирал во 2013 на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје, на отсекот филмска и ТВ-режија, во класата на проф. Столе Попов. Зад себе има неколку наградувани кратки филма, меѓу кои „Еклер“ (2016), „Луѓе без земја“ (2011) и „Синот“ (2013), прикажани на повеќе филмски фестивали во светот.

━ повеќе содржини

Во Штип синоќа се одржа Jam Session свирка во чест на Аце – Цеата

Штип и штипјани синоќа оддадоа почит кон својот сограѓанин Александар Коларов - Цеата, басист на групата ДНК, кој загина во трагичната несреќа во Кочани,...

Фудбалскo уживање во Свети Николе по повод 100 години Овче Поле – пријателски меч со ветераните на Брегалница

Фудбалски хепенинг во Свети Николе по повод 100 години од постоењето на фудбалскиот клуб Овче Поле. По тој повод на 26 октомври ќе биде...

На СП во фудбал кое ќе се одржи догодина, останаа уште 20 слободни места, досега има 3 дебитанти

Квалификациите за директните места на СП 2026 се завршени во Африка, Азија, Јужна Америка и во Океанија. Во ноември ќе бидат познати уште 11...

Стив Џобс ќе добие своја монета од еден долар во 2026 година

Стив Џобс, визионерскиот коосновач на Apple, ќе биде овековечен на комеморативна монета од еден долар што ќе биде издадена во 2026 година, потврди Ковачницата...

Србија наскоро ќе набави од руските вакцини против онколошки заболувања

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера во Белград разговараше со руски истражувачи за „развојот на револуционерна вакцина против онколошки заболувања“. „Србија е заинтересирана за овој...
spot_img