Денешната ждрепка за осминафиналето од Лигата на шампионите сакаше мега-дерби уште во осминафиналето од најквалитетното клупско европско натпреварување и пресметка меѓу гигантите Реал Мадрид и Манчестер сити.
Од останатите двојки дефинитивно интересно ќе е повторувањето на финалето од последното светско клупско првенство во САД, и дуелот меѓу ПСЖ и Челси.
Барселона ќе игра со Њукасл, а најголемото изненадување низ досегашниот тек, норвешкиот Бодо/ Глимт ќе игра со Спортинг Лисабон.
Ливерпул во осминафиналето оди на мегдан со Галатасарај, а Арсенал ќе се соочи со Баер Леверкузен.








