По повод Денот на градот Штип – Свети Никола, на 19 декември 2025 година ќе бидат доделени општински признанија на поединци и институции кои со својата работа и ангажман дале значаен придонес во развојот, афирмацијата и унапредувањето на градот.
Годинашни добитници на признанија се:
– СУПЕРИОР ДИСПЕЧ СЕРВИС ДОО увоз-извоз Штип, за придонес во стопанскиот развој и поддршка на локалната заедница;
– Армијата на Република Северна Македонија – Касарна „Јане Сандански“ Штип, за исклучителен придонес во безбедноста, хуманитарните активности и соработката со локалната самоуправа;
– Здружение – Градски хор Штип, за континуирана афирмација на хорската уметност и културниот живот на градот;
– М-р Трајче Кацаров, за особен придонес во својата професионална и општествена дејност;
– Проф. д-р Билјана Ефтимова, во областа на медицината.







