24.1 C
Shtip
spot_img

Охрид: Цените на угостителските услуги за 10% повисоки од лани

Почнува туристичката сезона на брегот на Охридското Езеро. Цените на хотелско угостителските услуги годинава се повисоки за околу 10% споредбено со лани.

Охрид традиционално за Први мај е преполн со туристи. Бродовите ги кренаа сидрата, запловија кајчињата, катамараните, преполни се музеите, културно историските споменици, рестораните и кафулињата. Од денес официјално се смета почетокот на туристичката сезона. Цените на хотелско угостителските услуги се повисоки за околу 10%. споредбено со лани. Сместување во хотел се движи од 40 евра се до 60 евра со појадок и вечера по лице.

За странските туристи Охрид сè уште е евтина дестинација.

„Да задоволни сме навистина сместувањето ни е тука во центар а што се однесува до цените мислам дека е доста поевтино од Белград“.

„Првиот впечаток е прекрасен, едвај чекаме да седнеме на некој чамец утре. Цените на апартманите се поевтини во споредба со Црна Гора, за друго не знам само што стигнавме“.

„Живеам во Полска инаку сум од Либан, да бидам искрен овде цените се како во Полска. Градот е многу убав, нуди добри услови за одмор и релаксација би дошол повторно многу убаво место е“.

Ставот на туристичките работници е дека цените се во склад со услугите. Поскапувањето се должи на растот на трошоците и платите во секторот.

„Цените во Охрид се добри според мене. За секој џеб за секој буџет има цени. Не можеме да споредуваме кафеани на прва линија со оние поназад. Најчесто имаме критики од домашните туристи и сметам дека е погрешно. Ова е езерски туризам и Охрид има мал капацитет, туристичката сезона е кратка и сега ако се споредуваме со езерски туризам во западно европските земји неспоредливо е со морски туризам, вели Марко Танески, туристички работник.

„Се повисоки од лани но недоволно колку што се сите покачувања, гледаме да се адаптираме и ние на потребите и очекувањата на потрошувачите и на нашиот и надворешниот пазар. Има минимално покачување“, изјави Ана Јанческа Дуданоска, туристички работник.

Според Државниот завод за статистика цените на угостителските услуги во март годинава пораснале за 6.9%. во однос на лани.

━ повеќе содржини

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...

Штипскиот музички двоец Duo Bright го лансираше хитот на летото!

Младите штипски музичари Марио и Кристијан од Duo Bright дефинитивно се носители на хитот на летото. "Око мое" руши рекорди на интернет, за само...

Благој Серафимов – нов командир на полициската станица во Штип

Од вчера, Секторот за внатрешни работи во Штип доби нов командир на Полициската станица од општа надлежност. На оваа функција е назначен Благој Серафимов,...

ТППЕ експресно го изгасна запаленото возило во Штип утринава!

Пожар избувна на возило паркирано во кругот на клиничката болница во Штип. Благодарение на брзата интервенција на екипите на ТППЕ Штип, огнот веднаш бил...
spot_img