19.7 C
Shtip
spot_img

Одложени домашни спортски натпревари

РАКОМЕТОТ СЕ ПРОЛОНГИРА

По големата трагедија во Кочани и одлуката на владата за седумдневна жалост, РФМ ги одложи сите натпревари за оваа недела.

Прволигашките натпревари од 18. коло, Кичево – Металург РА, Астраион – Мулти Есенс и Јехона – Овче Поле ќе се доиграат после 23 март.

Последното суперлигашко коло од регуларниот дел на сезоната ќе биде поместено, исто како и две кола во женска конкуренција.

ОДБОЈКА ИСТО ТАКА ЌЕ НЕМА

Одбојкарската федерација на Македонија ги одложува натпреварите од редовните кола предвидени за престојниот викенд (22/23 март) во сите натпреварувачки категории, како и заостанатите натпревари коишто требаше да се одиграат во текот на оваа работна недела, во знак на сочувство и солидарност кон семејствата на загинатите и настраданите во трагедијата во Кочани.

Владата на Р.С. Македонија на вчерашната седница донесе одлука за седумдневна жалост на територијата на цела држава по страшната трагедија која се случи во Кочани.

Предвидените натпревари, согласно Календарот за натпреварување, како и заостанатите натпревари ќе се одиграат во средината на следната недела во договор со клубовите.

ФУДБАЛОТ ЌЕ СЕ ИГРА САМО НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНО НИВО

Фудбалските кола во сите конкуренции се одложени, а ќе настапи само А репрезентацијата, ќе гостува во Лихтенштајн.

━ повеќе содржини

Општина Штип додели 56 стипендии за ученици спортисти

Општина Штип стипендира 56 ученици спортисти во екипни и поединечни спортови. По 3.000 денари месечно ќе добиваат 18, по 4.000 денари 31, по 5.000...

„Долго време психички ме малтретираше, па ме претепа“: Штипјанка го пријавила сопругот во полиција

Вчера во 16:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишија од слобода Б.В.(39) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна...

Во петок ќе гледаме фудбал под рефлектори!

Во натпревар од шестото коло од првата македонска фудбалска лига, во петок (04.09) штипска Брегалница ја пречекува Шкендија Арачиново на градскиот стадион во Штип....

Последен врел ден, од утре драстичен пад на температурите!

Септември утре ќе започне како продолжение на август, со сончево и многу топло време и температури кои во најтоплите делови од Македонија ќе достигнат...

Штипјанец наместо да се лекува крадел од простории за вработени на скопска клиника

На 30.08.2026 во 14:50 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.С.А.(42) од Штип....
spot_img