19.7 C
Shtip
spot_img

Мета ќе користи вештачка интелигенција за да ги лоцира малолетниците на Инстаграм и да ги сетира нивните податоци

„Мета“ ја проширува употребата на вештачката интелигенција за идентификување малолетници на „Инстаграм“ и во некои случаи ќе започне автоматски да ги менува поставките на нивните профили.

„Мета“ веќе некое време користи вештачка интелигенција за препознавање корисници под 18 години на „Инстаграм“, потпирајќи се на разни „траги“. На пример, ако некој му честита на корисникот „среќен 16. роденден“ преку пораки, или ако се забележат обрасци на користење на социјалните мрежи типични за тинејџерите.

Доколку „Мета“ открие дека малолетник лаже за својата возраст, тогаш ќе го замоли да ја потврди возраста. Но, благодарение на новата промена, сега автоматски ќе се применуваат рестриктивни поставки на профилот на корисникот, без оглед на датумот на раѓање наведен на профилот. 

Ова значи дека нивниот профил ќе стане приватен, непознати луѓе нема да можат да им испраќаат пораки, а содржината што ја гледаат ќе биде дополнително филтрирана.

„Мета“ вели дека корисниците последователно ќе можат да ги променат поставките, доколку сметаат дека имало грешка во процената на возраста.

━ повеќе содржини

Прв подготвителен натпревар на ФК Брегалница во пресрет на новата фудбалска сезона

Утре (06.08.2025) со почеток од 17:30 часот на Градскиот стадион во Штип, фудбалскиот клуб Брегалница ќе го одигра првиот подготвителен меч пред почетокот на...

“Биди хуман како Тоше” – голема крводарителска акција во склоп на концертот за Тоше во Штип

На 21.08.2025 (четврток) во период од 10:00 до 16:00 во Домот на млади во Штип ќе се реализира голема крводарителска акција. Организаторите на концертот,...

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на пријателски меч во Карбинци!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ќе одигра пријателски меч со третолигашот Карбинци, а кој меч е договорен да се одигра на 12 август (вторник)...

Ивана Биџовска е нов директор на библиотеката „Гоце Делчев“ – Штип

Ивана Биџовска е новата директорка на НУУБ „Гоце Делчев“ Штип. Таа доаѓа на местото на досегашниот директор Драган Горгиев, кој оваа функција ја извршуваше...

Дали е ова крајот на екраните во автомобилите?

Производителите долго време се натпреваруваа да понудат поголем екран на допир и да натрупаат што е можно повеќе функции на него, а Tesla го...
spot_img