18.4 C
Shtip
spot_img

КАЛЕНДАРСКИ, ОВОЈ ВЕЛИГДЕН ЌЕ БИДЕ ЕДЕН ОД РЕТКИТЕ, А ЕВЕ И ЗОШТО

Празникот се паѓа во првата недела по полната месечина што следи по пролетната рамноденица…

Иако Велигден секогаш се слави во недела, неговиот точен датум варира секоја година. Според христијанската традиција, се определува според лунарниот календар – празникот се паѓа во првата недела по полната месечина што доаѓа по пролетната рамноденица.

Интересно е што во 2025 година православните и католичките верници ќе го слават Велигден на ист ден – 20 април. Тоа не е секогаш случај, бидејќи Православната црква се потпира на јулијанскиот календар, додека Католичката црква го користи Грегоријанскиот календар.

Велики петок, денот на смртта на Исус, се смета за ден на жалост, па затоа тогаш не се слави. На тој ден домаќинствата традиционално бојадисуваат јајца, а првото црвено јајце – симбол на крвта на Исус – се чува цела година и се смета за чувар на куќата.

Велигденската недела носи радост и семејно собирање. Јајцата потоа се користат за традиционално кршење помеѓу членовите на домаќинството и гостите, а потоа за богат празничен оброк.

Велигден е еден од најрадосните христијански празници, а воедно и државен празник, што значи дека во многу земји се слави и е неработен ден.

━ повеќе содржини

Заврши асфалтирањето пред ОУ „Ванчо Прке“ и ТЦ – следува градежна офанзива

Завршени се градежните активности за асфалтирање на платформата пред основното училиште „Ванчо Прке“, како и на конзолата пред Трговскиот центар. Овие зафати се дел...

Асфалтирано платото и паркингот пред фудбалскиот терен на Бело Брдо

Денес беше завршено асфалтирањето на платото и паркинг површината пред фудбалскиот терен во населбата Бело Брдо, со што се подобрува пристапот и условите за...

Во недела ќе се одржи првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“

Во недела Таекводно клубот Штип и Македонска таеквондо федерација го организираат првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“. Турнирот ќе се одржи во спортска сала „Јордан...

Лани во Македонија се случиле над 2 илјади разводи!

Во 2024 година бројот на склучените бракови е намален за 12.7 % во споредба со 2023 година. Просечната возраст при склучувањето прв брак е...

Рачниот менувач заминува во историјата?

Рачниот менувач наскоро може да биде минато, бидејќи најновите бројки покажуваат дека многу малку нови автомобили се достапни со овој тип на менувач. Статистиката е...
spot_img