Бака Прасе повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат поради драматичен настан што ја вознемири јавноста. Популарниот јутјубер објави видео на Инстаграм во кое се гледа како неговиот луксузен автомобил „Брабус“ е целосно уништен.

Во првата објава, тој на шеговит начин напиша:
„Почивај во мир, Брабус“, алудирајќи на уништениот автомобил.
Набрзо потоа сподели и фотографија од целосно изгорениот автомобил, претворен во пепел, со краток и ироничен опис:
„Брабусот е зготвен.“

Сликите предизвикаа лавина од реакции на социјалните мрежи, каде што следбениците изразија шок, но и сомнежи околу причините за пожарот.

На социјалните мрежи се појави и дополнителна видео-снимка на која наводно се гледа како автомобилот целосно гори. Пламените јазици го голтаат возилото, додека околу него се собираат љубопитни минувачи. Во описот на видеото, кое кружи онлајн, се тврди дека јутјуберот наводно сакал да исплати одредена сума пари, поврзана со долгови кон лихвари. Сепак, овие информации засега не се официјално потврдени.







