9.6 C
Shtip
spot_img

Затвор од 11 месеци за напаѓачот на младите фудбалери на натпревар во Штип

На 11 месеци затвор е осуден Авни Абгулиј за кривичното дело насилство од член 386 став 4 од Кривичниот закон поради тоа што на 24 август, за време на натпреварот меѓу пионерските екипи од генерацијата 2009‑2010 на ФК „Брегалница“ и ФК „Шкупи“, одигран на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, се случи сериозен инцидент – сега осудениот Абгулиј, татко на млад фудбалер на „Шкупи“ физички нападна двајца 15-годишни играчи на Брегалница и им нанесе телесни повреди.

Во медиумите, на 21.октомври се појави изјава од заштитен извор, во која изворот тврди дека двајца од вкупно петмина сведоци ги промениле своите изјави дека Авни Абгулиј не ги нападнал децата и дека тоа го сториле за сума од илјада евра.

По протекувањето на шпекулациите дека двајцата сведоци ги промениле изјавите пред судот, со изјава за регионална штипска телевизија излезе Трајче Сенев од ФК „Брегалница“, кој обзнани дека тој е еден од двајцата сведоци за кои се зборува, но јавно ги демантираше наводите за поткуп.

Изнесувањето на пресудата не беше јавно, па медиумите и јавноста не успејаа да откријат дали двете изјави навистина се променети и дали влијаеле во конечниот исход во одредувањето на висината на казната од страна на судот.

━ повеќе содржини

Календар со неработни денови и државни празници за 2026 година

Во 2026-та нè очекуваат дури 7 до 10 продолжени викенди, па ќе имате многу за планирање. Доколку и вие со нетрпение чекате да видите кои...

Познати добитниците на признанијата 19 декември за 2025 година во Штип!

По повод Денот на градот Штип – Свети Никола, на 19 декември 2025 година ќе бидат доделени општински признанија на поединци и институции кои...

Утре е Св. Никола, заштитник на патниците, децата и сиромашните

Утре пра­вос­лав­ни­те хрис­ти­ја­ни во Ма­ке­до­ни­ја го слават Све­ти Ни­ко­ла Чу­дот­во­рец, еден од најпочитуваните светци. Св. Никола, кој на 19 декември се празнува и е познат...

Полициска акција во Штип: Лишени од слобода неколку полицајци

Синоќа во Штип се спроведе полициска акција. Според досегашните информации, во акцијата се лишени од слобода неколку полициски службеници. Од Основното јавно обвинителство за гонење...

Ова е најскапиот град на светот, а граѓаните живеат во пекол!

Општо земено, трошоците за живот се повисоки во големите градови отколку во помалите места и руралните средини, особено кога станува збор за кирија и...
spot_img