27.6 C
Shtip
spot_img

Жестоки реакции за судењето на вчерашниот натпревар на ФК Брегалница во Тетово

Брегалница денес одигра нерешено без голови (0:0) во Тетово со екипата на Тетекс, па излезе со соопштение откако посочи дека биле оштетени на денешниот меч од 18. коло на Втора лига.

Штипјани со видеа посочуваат дека биле оштетени на денешниот меч.

Во продолжение соопштението на Брегалница и видеото од спорните моменти за кои тврди клубот од Штип.

ФК БРЕГАЛНИЦА ДЕНЕС Е ДРАСТИЧНО ОШТЕТЕНА!

Во текот на првенството досега никогаш јавно се немаме пожалено на ниту една одлука, но денес судијата Боби Величков имаше една цел – по секоја цена Брегалница да не си оди од Тетово со победа.

1) Во 10′ при прем на топка од страна на Аљбан Мемеди и потенцијална шанса за Брегалница, судијата суди фаул за домаќините.

2) Во 68′ при пробив на Стефан Коцев, нашиот играч грубо е повлечен за дрес, навидум чист жолт картон. Судијата не досуди ниту фаул за Брегалница.

3) Во 85′ чист пенал над Стефан Коцев (видео). Судијата Величков повторно остана нем!

4) На мечот имаше 10 измени во второто полувреме и 8-10минутен прекин при повреда на Виктор Серафимовски, каде што амбулантното возило мораше да влезе на терен. Судијата Величков го продолжи мечот со САМО 5 МИНУТИ!

!!! Натреварот се играше со 1 (една) топка, при секој прекин, времето одминуваше, а часовникот на Величков уште побргу вртеше !!!

Натпреварот иако заврши 0:0, сепак на крај имаше победник, тоа беше главниот судија Боби Величков!“, велат од ФК Брегалница.

━ повеќе содржини

Општина Штип додели 56 стипендии за ученици спортисти

Општина Штип стипендира 56 ученици спортисти во екипни и поединечни спортови. По 3.000 денари месечно ќе добиваат 18, по 4.000 денари 31, по 5.000...

„Долго време психички ме малтретираше, па ме претепа“: Штипјанка го пријавила сопругот во полиција

Вчера во 16:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишија од слобода Б.В.(39) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна...

Во петок ќе гледаме фудбал под рефлектори!

Во натпревар од шестото коло од првата македонска фудбалска лига, во петок (04.09) штипска Брегалница ја пречекува Шкендија Арачиново на градскиот стадион во Штип....

Последен врел ден, од утре драстичен пад на температурите!

Септември утре ќе започне како продолжение на август, со сончево и многу топло време и температури кои во најтоплите делови од Македонија ќе достигнат...

Штипјанец наместо да се лекува крадел од простории за вработени на скопска клиника

На 30.08.2026 во 14:50 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.С.А.(42) од Штип....
spot_img