34.3 C
Shtip
spot_img

Емил Павлов стави точка на својот шампионски пат!

Најтрофејниот македонски каратист, Емил Павлов, официјално стави крај на својата богата спортска кариера. Веста ја сподели преку емотивно видео обраќање, во кое се осврна на патот исполнет со напорна работа, победи, солзи и незаборавни моменти. Павлов е медалист на најголемите европски и светски карате собири.

„Не е лесно да се каже збогум на нешто што било дел од твојот живот толку многу години. Денес официјално ставам крај на мојата спортска кариера – пат исполнет со многу труд, победи, солзи и незаборавни моменти,“ напиша Павлов.

Тој истакна дека за него било огромна чест да ја претставува Македонија на најголемите европски и светски натпреварувања, носејќи медали и предизвикувајќи да се слуша македонската химна во негова чест.

Во својата порака, Павлов упати благодарност до своите тренери од Карате клуб Штип, како и до Карате Федерација на Македонија за поддршката низ годините. Посебна благодарност изрази до семејството, кое, како што истакна, било неговата најголема сила во моментите на победи.

Иако се повлекува од активното натпреварување, Павлов најави дека ќе продолжи да биде дел од спортот и да служи како мотивација и инспирација за младите генерации каратисти во Македонија.

Со неговото повлекување, македонскиот спорт се збогува со еден од своите најуспешни и најпрепознатливи борци, чие наследство ќе остане силна инспирација за идните шампиони.

━ повеќе содржини

Раде и Марјан Ивановски од Штип со златно одличје на “Бланик Куп” во Приједор!

Татко и син од Штип со злато за Македонија на „Бланик куп“ во Приједор: Раде и Марјан Ивановски најдобри во екипна конкуренција. Македонското воздухопловство забележа...

Бројот на запишани студенти на УГД поголем од ланската година!

1150 документи се поднесени за упис на УГД Штип. Бројот е поголем од лани. 1150 документи се поднесени за упис на УГД Штип, во првиот...

Штипјанка влегла во дом на кумановци, била агресивна и oдбивала да си замине!

Триесет и двегодишна жена од Штип била приведена викендов по пријава дека влегла во куќа во Куманово, била агресивна и не сакала да си...

Штип: Пијан мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа

Во саботата, на 22.08.2026 во 16:30 часот во СВР Штип е пријавено дека во 11:40 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип се случила сообраќајна несреќа...

Штипјанката Бојана, обвинета во случај со брутално убиство во Хрватска, исчезна заедно со своето малолетно дете!

Хрватската полиција трага по 33-годишната Бојана Пешевска, родена во Штип, која минатата година беше обвинета за повеќе кривични дела поврзани со случајот со бруталното...
spot_img